Уште од времето на Фројд се знае дека огромното чувство на вина е еден од симптомите на депресија. Сега се утврди дека истите делови поврзани со депресијата, односно лошата врска меѓу нив е причината зошто луѓето постојано се обвинуваат себе си.
"Ако мозочните региони не комуницираат добро тоа објаснува зошто имате тенденција да се обвинувате за сè и сешто, и зошто не можете тоа да го поврзете со нешто конкретно," објаснува научникот Роланд Зан.
Лошата комуникација меѓу истражуваните делови прави луѓето да ја чувствуваат вината неконструктивно, наместо адаптивно: "Ништо не ми успева, зошто воопшто се обидувам?" наместо "Зезнав, не треба тоа пак да го направам."
Научниците сè уште немаат утврдено дали некоја постоечка состојба во мозокот прави проблеми во комуникацијата или пак самата депресија го создава проблемот.
Подетално и повеќе медицински термини тука.