Поврат на мерак

Даночните власти во Орегон неоправдано почастиле една девојка со 2,1 милион долари како поврат на данок. Одма се фрлила на шопинг. Додека ја фатиле, веќе потрошила 150.000 долари.

25 годишната Кристи Мари Рејес го користела популарниот софтвер за пополнување даночни пријави Turbo Tax. Пријавила непостоечки приход од 3 милиони долари а софтверот и направил модел по кој државата треба да и врати 2,1 милион долари.

Заради големината на сумата, неколкумина одговорни лица во даночната управа ја провериле нејзината пријава но не нашле ништо спорно па по некое време и пратиле на девојката од Салем картичка полна со 2,1 милион долари.

Рејс била фатена дури откако пријавила дека картичката ја изгубила. Потрошила 150.000 долари, си купила автомобил и еден куп облека.

Даночната управа на Орегон годишно процесира околу 7 милијарди долари за поврат на данок со систем кој е дизајниран во 80-тите години. Заради заштеда, на почетокот на оваа година биле стопирани 100 милиони долари наменети за надградба на системот.

11 јуни 2012 - 08:18