Истражувачите од Клиниката Мајо во Рочестер пресметале дека оптимално вежбање е меѓу 30 и 60 минути на ден, а се над ова има "намалени резултати."
Две работи кои тие ги нагласуваат се дека - истражувањето на ниту еден начин не ги негира бенефитите од физичка активност, и дека тоа се однесува само на екстремни спортисти, како маратонци и велосипедисти.
"Физичките вежби, иако не се дрога, поседуваат многу карактеристики на моќен фармаколошки агент. Рутинска дневна физичка активност е доста ефикасна за превенција од болести. Но како и со кој било фармаколошки агент, постои горна граница на дозирање, по која може да се јават негативни последици од физичката вежба, повреди на мускулите и коските, или кардиоваскуларен стрес, кои ја надминуваат користа од вежбањето," објаснува авторот на студијата др. Џејмс О'Киф.
Освен што можат да му предизвикаат проблеми на срцевиот мускул, врвните спортисти го менуваат и ритамот на срцето, што ги прави подложни на најразлични срцеви болести.