И двајцата стигнаа на целта, ама проблемот е што само еден може да биде прв. Ајде тогаш за да нема љутиш одиме со игра од детството : Лист, камен, ножички.
Во пресрет на традиционалниот скопски маратон кој ќе се трча на 8. мај со почеток од 8:45, решивме да ѕирнеме како оваа благородна манифестација изгледа во Лондон.
Вили и Анџела имале хоби да јадат хамбургери и да лежат, а од пред пет години нивното хоби е да трчаат и да јадат здрава храна. Тој имал 223 кила а годинава ќе трча на трет маратон, а таа имала 153 и веќе успеала да истрча ултрамаратон. Очигледно немаат пробано во 7-ца.
Без разлика колку позитивно делува физичката активност, човековото тело во никој случај не е предвидено да може да истрча 42 километри без престан. Подвигот на трчање маратон доаѓа по цена на зијан на речиси цело тело.
Организаторите беа приморани да го откажат маратонот во Њујорк заради последиците од ураганот Сенди, но илјадници маратонците не се откажаа и истрчаа еден малку поинаков маратон.
Вежбањето е исто како да се дрогираш, што значи дека човек може и да се предозира од вежбање. Пред ова да го закачите на ѕид како оправдание зошто не вежбате, имајте во предвид дека ова важи за луѓе што стварно многу, многу вежбаат.