Кога вагата стигна до 223 килограми, Вили Гилис сфатил дека време е да сврти лист.
„Во спротивно веројатно ќе бев мртов пред мојата ќерка да наполни 5 години“, раскажува 35 годишниот Вили вработен во еден магацин во Тексас.
Потоа седнал да сериозен муабет со жена му Анџела кој има 153 кила. Станале толку дебели главно од две причини, брза храна и редовно легачење, но потоа заедно со здружени сили вклучиле “пакт за добро здравје“ и решиле да слабеат.
Првиот чекор бил да ја исфрлат брзата храна потоа ја симнале апликацијата Lose It која го следи конзумирањето на бројот на калории и почнале лека полека од пет минути пешачење дневно, па десет и постојано ги дуплирале минутите.
„Почнавме да слабееме од 6 јануари 2011 година и од тогаш не сме застанале“, вели Вили кој и се приклучил на Анџела на една група која џогира се со цел да види дали може да се движи побрзо и да издржи повеќе.
Од џогинг на џогинг, овој заљубен пар кој решил да раскрсти со хамбургерите во декември 2013 се спремиле за првиот маратон кој го трчале заедно. Но планот им го уништил времето кое се расипало бидејќи заврнало снег.
„Откако стигнаме во Мемфис со кола и патувавме осум часа бидејќи сите летови беа откажани, сфативме дека трката нема да се одржи. Но ние не застанавме и тој ден решивме да трчаме. Откако успеав да го истрчам полумаратонот од 20 километри, Вили ме следеше со кола и успеав да истрчам вкупно 40 км“, вели Анџела.
Потоа станала инструктор во истиот фитнес центар каде почнала да оди и отворила блог We Beat Fat. Ангела истрчала 24 маратони и еден ултрамаратон и сега тежи 90 кила помалку. Следен предизвик и е да истрча маратон во сите 50 држави во САД во следниве три години.
Вили до сега има комплетирано 30 полумаратони и два маратони, а следен му е оној во Чикаго. До сега успеа да скине 136 кила.
„До пред 5 години дремевме на тросед и се дебелеевме, а сега трчаме без проблем. Ова е доказ дека сè е возможно и доволно е само една минута за да си го промениш цел живот“, вели Вили.