Лондонскиот маратон е еден од шесте World Marathon Majors, или еден од Грен слемовите во маратонско трчање. Како и во тенисот, не може да се прогласи кој е подобар, најголем, најубав. Главната разлика често лежи во бројките, па така:
Бостонскиот е најстар со 119 години долга традиција. Токискиот се трча девет години и е најмлад. Најмногу учесници имало во Њујорк (50.000) и Чикаго (45.000). Најмногу светски рекорди се остварија во последните 10 години на Берлинскиот маратон: започнат во 2003. година сите машки рекорди беа срушени во Германија.
Лондон годинава е посебен по тоа што собра неверојатни 50 милиони фунти донации за хуманитарни цели. Британските хуманитарни организации традиционално собираат многу средства со кои се помагаат бездомниците, луѓе со различни болести, социјалните случаеви и децата без родители.
Наместо мотивационо писмо „Зошто сакам да ве претставувам вас“ секој натпреварувач може да најде спонзор преку кој ќе собере хуманитарни средства преку разни идеи, па често се гледаат маратонци во костим со Каменко, Бетмен, Флинстоунс, Супермен, Спајдермен и други.