Надежниот студент од Казахстан ја редефинирал вистината дека човек треба да се потруди за да успее да стане академски граѓанин. Точно 10, 67 метри изнесувал неговиот помошен материјал кој го понел со себе на приемен испит за факултетот.
Бил фатен уште пред испитот заради чудните движења и гласното шушкање кога го правел тоа.
Подоцна е утврдено дека на хартиениот чаршаф обвиткан околу неговото тело има одговори на 25.000 прашања кои ги покривале сите опбласти потребни за упис на факултетот - математика, историја, руски јазик, казачки јазик и уште еден предмет по негов избор кој Austrian Times не го наведува.
Нејасно е како мислел тој тоа да го изведе.