Живи ги фатија

Ако нешто функционира во борбата против пушењето тоа се грозните слики на кутиите цигари, бидејќи пушачите стварно им се плашат на нив.

Целта на истражувањето на Универзитетот во Пенсилванија било да се утврди ефикасноста на предупредувањата што се печатат на кутиите цигари - текст vs. слики.

Од 200-те пушачи кои биле следени, дури 83% без проблем се сеќавале на здравствените последици од пушењето, кога тие биле прикажани со слика. Успехот на текстуалните предупредувања бил околу 50%.

Во студијата се покажало дека колку побрзо некое предупредување успеало да го привлече погледот на пушачите, толку поверојатно било правилно да се запамети неговата порака.

Неодамна во ЕУ почнаа да се разгледуваат предлози за зголемување на површината што ја зафаќаат сликите на кутија цигари. Во април годинава британската влада почна да разгледува опции за унифицирање на изгледот на цигарите, кои ќе треба да се продаваат во иста кутија, со иста боја, ист фонт на букви и со слика за предупредување.

16 јуни 2012 - 13:28