Карен Клајн 20 години била возач на автобус а послдениве три работи како домаќинка во средношколски автобус, задолжена учениците да патуваат безбедно и мирно. Зема мизерни 1.300 долари месечно. Вдовица е 17 години, има 8 внучиња и голема семејна трагедија зад себе, кога еден од синовите извршил самоубиство.
Баш на таква жена решиле да и се навртат 4 невоспитани и хормонално несредени средношколци, правејќи немислосрден мајтап со неа, нарекувајќи ја дебела, грда и сиромашна. Видеото кое брзо се рашири низ интернет ја покажува нејзината неверојатна смиреност на жестоките напади од дечурлааната, а има и моменти кога заплакува неможејќи да ги истрпи навредите.
"Ако те прободам со ножот, ќе мине како низ путер низ твоето свинско сало," вика еден од хулиганите во видеото.
За среќа, како реакција на видеото, брзо беше направена онлајн петиција на која за неколку дена беа собрани 60.000 долари со идеја да и се озвоможи на 68 годишната Карен одмор каков што никогаш не би можела да си дозволи.
Таа вели дека најмногу би ѝ значело едно извинување од средношколците.
* во меѓувреме донацијата рапидно е зголемена