Големото кинеско барање

Она што кај нас е барање за жена пред камери, во Кина е барање за жена со што е можно поголем спектакл и што е можно повеќе пари.

Пред неколку недели кинеските медиуми објавија за дечкото што се појавил пред женскиот студентски дом во Универзитетот Хунан, со поворка БМВ-а, за да ја побара својата девојка за жена. Тајфата на идниот зет била составена од 11 БМВ-а, кои во две колони од по 5 се паркирале пред зградата во која живеела невестата, а автомобилот на дечкото бил на чело. Екипата на зетот веднаш поставила црвен тепих од неговиот автомобил до влезот во зградата и озвучување на кое пуштиле романтична музика, додека зетот со цвеќе во раце и се јавил на телефон на девојката да се симне. После толку напор, целата приказна завршува среќно.

Неколку дена подоцна, друг кинески весник објави за 25-годишен дечко кој инспириран од БМВ-та, собрал 50 пријатели на велосипеди, на секој му дал по еден балон во форма на срце и се упатиле кон неговата девојка. Кога стигнале пред агенцијата за недвижности во која работи девојката, велосипедистите се подредиле во форма на срце околу зетот. Дечкото со цвеќе во едната рака и куфер во другата, клекнал пред девојката и го отворил куферот. Тој бил полн со пари свиткани во форма на срце.

Сето ова станува се почесто во Кина, каде заради големата разлика меѓу бројот на мажи и жени (118 мажи на секои 100 жени), идните сопрузи мораат да прават чуда за да освојат некоја жена.

Една неодамнешна анкета покажа дека за 70% од жените поседувањето на куќа е задолжителен предуслов за идниот сопруг, а за 80% од испитаничките само мажите кои заработуваат над 630 долари месечно заслужуваат да бидат сакани.

19 јуни 2012 - 10:23