Кој сака да биде 2,6 милионер

Во 90-тите години, статусот милионер подразбираше да се има - милион. Но, инфлацијата го прави своето па основниот милионерски луксуз денес чини 2, 6 милиони.

Англиското поимање на луксузен живот на еден милионер вклучува живеење во куќа на Кенсингтон или Челси, возење Ролс Ројс, поседување викендичка во Тоскана и луксузна јахта.

Во 1992- година, за таков живот бил доволен еден милион фунти. Денес за тие пари може да се живее далеку поскромно. Не баш Кенсингтон туку Ханслоу, не баш Ролс Ројс туку Астон Мартин и не баш јахта туку речен чамец. Инаку, првичниот пакет сега чини 2,6 милиони фунти.

Пред само десет години, за 94 проценти од Британците еден милион фунти била цифра која радикално го менува начинот на живот. Денес процентот е паднат на 71.

Остатокот смета дека за денес не може човек да се смета за милионер доколку нема барем 5 милиони фунти.

 

 

 

20 јуни 2012 - 10:52