Истражувањето на Швеѓаните (за влијанието на диетите со малку јаглехидрати) заклучува дека на долг рок исхраната богата со животински масти, а со минимум јаглехидрати го зголемува нивото на холестерол во крвта.
"Поврзаноста меѓу исхраната и здравјето е комплексна. Ова опфаќа специфични компоненти на храната, интеракцијата меѓу овие компоненти, и интеракцијата со генетски фактори и индивидуалните потреби. Иако исхраната со малку јаглехидрати и многу животински маснотии може да доведе до краткотрајно губење килажа, резултатите покажуваат дека долгорочно ваквиот начин на исхрана го зголемува холестеролот во крвта, што е еден од главните причини за кардиоваскуларните болести," објаснува Ингегерд Јохансин, првиот човек на истражувањето.
На оваа студија се надоврзуваат и неколку истражувања од Јапонија, која како држава со една од најниските стапки на дебелина во светот консумира далеку повеќе јаглехидрати отколку Американците. Слични резултати се добиени и во Полска, каде драматичниот пад на срцеви заболувања е поврзан со јадење повеќе овошје и зеленчук а помалку животински масти.
Истражувањето на никој начин не значи дека треба да се јадат изолирани едноставни јаглехидрати (на пример - шеќер). Шеќерот и засладувачите во која било форма, треба да бидат умерено консумирани. Туку дека идејата дека јаглехидратите што природно ги има во овошјето, зеленчукот и житарките се виновни за епидемијата на дебелина е комплетно погрешна.