Сето она што до сега беше фикс во држењето диети, јади месо и салата и ич да не му ја мислиш, излезе дека е сосема погрешно, требало да се јадат јаглехидрати.
Здравствена пресуда за мрсното изгледа лесна за донесување: ем има доста калории ем има холестерол кој ти прави проблеми со срцето па умираш порано отколку што си се надевал. Но, дали е баш така?
Не месец, два или година, туку цели 25 години истражување покажа дека јаглехидратите (паста, леб, компир и сл.) не се толку големи душмани на вашата линија, како на што се животинските масти.