Студија објавена во журналот Метаболизам на клетки, се занимава со ФГФ21 (Fibroblast growth factor 21) протеинот кој се смета за "извор на младоста" и кој се создава главно во црниот дроб.
Претходните студии открија дека ФГФ21 игра улога во намалување на апетитот, управување со метаболизмот, подобрување на имунитетниот систем и продолжување на животниот век. Во пракса тој се користи и во терапии поврзани со дијабетес.
Она што сега го откриваат научниците од Универзитетот во Сиднеј, е дека исхраната богата со јаглехидрати и со што е можно помалку протеини е најдобра за зголемување на нивоата на ФГФ21... кај глувци.
"И покрај популарноста на високопротеинските Палео диети, нашето истражување покажа дека токму спротивното е најдобро за нас како што старееме - дека исхрана со малку протеини и богата со јаглехидрати е најкорисна за здравјето подоцна во животот и за долговечноста.
Прехранбениот контекст во кој ФГФ21 е најприсутен е зависен од балансот меѓу протеинот и јаглехидратот, и овој баланс исто така се покажа дека е важен за тоа како овој хормон помага во смирување на гладот по протеин," објаснува авторката на студијата, Саманта Солон-Биет.