Вол Стрит Журнал објавува дека Пиксар изработиле сосема нов и посебен софтверски ситем, чија единствена задача била да прави косата на Принцезата Мерида да "се однесува пореално во движењата на главниот лик и нејзината околина."
Програмата за контрола на косата стапила на сцена дури откако студиото ја креирало косата на принцезата од "1.500 посебно изработени криви," кои потоа со помош на софтверот биле вклопени во една "реална фризура."
За да се осигури дека никој друг во Холивуд нема да постигне "Мерида" фризура, од Пиксар изјавиле дека не планираат да лиценцираат кој било дел од новиот софтвер.