Планот предвидува дуплирање на собите во веќе постојниот бордел "Стилето," и негово претворање во мега-бордел со околу 40 соби. Најголемиот дел од собите ќе бидат регуларни, но ќе има и неколку со повеќе кревети, маси за билјард и слични додатоци кои би можеле да им се најдат на гостите.
Градските власти првенствено ја блокираа надградбата на постојниот објект по основа дека била премногу голема. Но на почетокот од неделава локалниот суд им ја прифати жалбата на сопствениците, со што изградбата може да започне.
Стилето се промовира како "најдобриот бутик хотел за краток престој и бордел во Сиднеј." Стандардната соба чини 376 долари од час, а освен собата во цената се вклучени девојка по избор и пијалаци.
Надградбата на Стилето ќе чини 12,2 милиони долари.