Таг: Сиднеј

Камерман на стадион најде нов начин за комуницирање со режија

Кога не можеш да се разбереш преку аудио врска ради галама, а не сакаш да трошиш кредит на телефонот, одиш со опцијата изненадување.

Австралија го има најлошото и најнелогично промашување

„Ова никогаш повеќе нема да го видите. Најневеројатното промашување. Веројатно сака да потоне во земја“, вели коментаторот кој одлично го опиша срамот кој го изеде Патрик Вуд од Сиднеј, кој патем игра на позиција напаѓач. Нереално.

Најпатриотското македонско катче во Сиднеј

Вардар, Пелистер, Работнички, Силекс, Македонија Ѓорче Петров, Комити, Чкембари, Пандев, Стоилов, Седлоски, Скопско, Битолско, Даб... Дури и таблици ставил со македонски регистрации од неколку градови. Рапот во позадина му е капак.

Македонецот со труба и Ѓоковиќ со песна ги растревожија Косоварите

Откако тениската репрезентација на Србија го освои новиот АТП Куп по триумфот над Шпанија со Надал во финалето, Ѓоковиќ и колегите запеале неколку песни од кои една посебно ги нанервирала косовските претставници.

Го свитка голот заплеткан во мрежата

На мечот Централ Коуст Маринерс - Перт Глори гостинскиот фудбалер Томислав Мрчела ја искриви стативата од голот на домаќините откако претходно со глава ја заби топката во мрежа па се заплетка.

Венгер има подобар штоп од вашето скапо засилување

Арсенал попладнево одигра пријателска средба против Сиднеј во Австралија во склоп на подготовките за новата сезона. Венгер таму покажа како ’барата’ со топката, далеку подобро од 75 милиони фунти скапоцениот Лукаку на тренинг во Манчестер.

Свештеникот кој стана професионален боксер за да спасува

Кога младинскиот центар на Отец Дејв Смит бил пред затворање, тој сфатил дека треба да стори нешто. Станал професионален боксер со цел да заработи доволно пари, за да го сочува центарот за лекување на зависници од дрога.

Сиднеј ќе се освежува

По веројатно најдобрата промена на ГУП-от во историјата, Сиднеј го доби најголемиот бордел во цела Австралија.

Голи во музеј

На нова изложба во Музејот на современа уметност во Сиднеј можете да влезете само како од мајка родени. И неа да ја разгледувате со авторот, кој е исто така гол.