Уметникот Стујард Рингхолт создава дела чија тема се стравот, срамот и абнормалноста. Тој се надева дека тоа што посетителите на неговата изложба ќе се ослободат од стегите на општествените конвенции ќе помогне во рушење на бариерата помеѓу него и публиката. Ова не е метафора, бидејќи и самиот уметник, во двата дена кога ќе ги води посетителите низ изложбата, ќе биде сосема гол.
На сајтот на музејот се нагласува дека посетители можат да бидат само возрасни и дека институцијата предвидела просторија за слекување. Ова сепак не е прв пат нудисти да посетуваат музеј - во 2005 во Музејот Леополд во Виена, на пример, беше понуден бесплатен влез на оние кои ќе дојдат голи, во духот на „Голата вистина", изложба на еротски уметнички дела од 1900-тите.
Можеби и нашите музеи треба да размислат за ваква опција, или барем некоја лајт варијанта, на пример бесплатен влез за сите кои ќе дојдат без чадор на дождлив ден, во повеќето од музеите и домовите на култура низ земјава.