Решението на проблемот со преголемата достапност на бесплатно порно, индустријата го гледа во поквалитетни онлајн видеа, кои би се продавале по истиот принцип по кој Епл продава емпетројки.
"Следната година ICM (сопствениците на .xxx доменот) планираат воведување на систем за микронаплата. Ова ќе функционира како Ајтјунс на Епл. Наместо однапред да плаќаат 25 долари за месечна членарина, корисниците ќе плаќаат по 99 центи од видео," објаснува ЦЕО-то на ICM, Стујарт Лавли.
Во основа ова е истиот план што сопствениците на медиуми го имаат за наплата на вестите / содржините. Бидејќи е истиот план, и двете индустрии ќе имаат ист проблем ова да го наплатат, но по сосема различни основи.
Проблемот на порнографијата е што таа е артикл, пазарен производ. Музиката, што ја продава Епл, не е. Луѓето имаат омилени бендови и очекуваат одредено ниво и квалитет на продукција во нивната музика. Оние кои имаат омилени порно ѕвезди, веќе одамна ги трошат парите на нив, а оние кои гледаат бесплатно порно, немаат некоја посебна преференца или намера да платат за да гледаат некоја девојка.
Кај медиумите, главниот пропуст на овој план уште пред неколку години го објасни Клеј Ширки, писател, консултант и колумнист во Њујорк Тајмс, Вол Стрит Журнал, Вајрд...
"Фантазијата дека микроплаќањата ќе ги спасат издавачите на интернет, е во основа фантазија дека повторно може да се воспостави монополот за одредување на цената. Изговорувајќи го магичниот збор 'микроплаќање' е фаќање за погрешниот крај на стапот. Ако онлајн издавачите воопшто имаа таква моќ над формирањето на цената, микроплаќањето немаше да биде потребно. И бидејќи ја немаат таа моќ, ниту микроплаќањето ќе им ја обезбеди," порача Ширки во 2009-та.