Во 1900-та, на ракот и срцевите заболувања отпаѓаат 18% од сите смртни случаи, за во 2010-та ова да порасне на 63%. Ако на почетокот од 20-от век, на секои 100.000 луѓе од овие две болести умирало по 201 лице, денес таа бројка пораснала на 308.
Причината за нивниот "напредок" делумно е начинот на живот, но големо влијание има и тоа што преку вакцини и други терапии драстично е намален учинокот на голем број од најтешките болести на минатиот век.
Од првото место во 1900-та, денес грипот е на 9-то место меѓу топ 10-те причини за смрт. Зад него единствено е самоубиството. Туберкулозата воопшто не е во првите 10, исто како и стомачните инфекции.