Богати и њујорчани

Она што оваа екипа со години го прави, ругајќи ги бахатите македонски шофери, сега планира да го прави и градоначалникот на Њујорк.

Отако вишите дсржавни инстанци не му дозволија да ги казнува њујоршките возачи кои возат пребрзо а се снимени со уличните камери, градоначалникот Мајкл Блумберг сепак не се откажува од тој фото материјал.

"Ќе ги подложиме на јавен срам возачите кои се опасност за нашиот град," изјави Блумберг најавувајќи дека планира фотографиите од таквите шофери и нивните имиња некаде јавно да ги објавува.

"Можеби ќе се засрамат," верува Блумберг. Како поискусни на оваа тема, ние во тоа дебело се сомневаме.

Првично Блумберг имаше намера прекршителите да ги казнува со пенали од по 100 долари.

 

25 јуни 2012 - 16:17