Вежбалната од Ванкувер, одлучила да создаде атмосфера пријатна за покрупна клиентела, посебно за жени со вишок килограми.
"Најголем дел од клиентките немаат успешно фитнес минато и можам да забележам колку се вознемирени кога почнуваме со вежбање, а колку се релаксирани и среќни откако ќе завршиме. Луѓето премногу често се плашат да бидат активни. Не постоеше модел што нудеше меѓусебна доверба кај членовите," објаснува ЦЕО-то на ланецот фитнес клубови Body Exchange.
Слични клубови почнаа да се отвораат и во САД. Во Небраска, еден поранешен натпреварувач на шоуто "The Biggest Looser" отвори вежбална која прима само членови што сакаат да ослабат 22 килограми.