Јапонска ефикасност

Чуварите во една јапонска зоолошка не треба да објаснат како избегале 30 верверици, туку како успеале да вратат речиси 40.

Животинчињата побегнале минатата недела кога тајфун срушил еден бор над нивниот кафез. За неколку дена, чуварите успеале да вратат дури 38 верверици.

Објаснувањето според еден од вработените во зоолошката е дека веројатно немале најпрецизно изброено колку веверици има во кафезот, бидејќи животинчињата брзо се размножуваат.

Според друг вработен, чуварите веројатно прибрале и некои од дивите верверици, кои живееле во паркот околу зоолошката.

Во меѓувреме зоолошката добива по 4-5 пријави дневно од граѓани на Токио за залутани верверици.

Претходно, на истата зоолошка и избега пингвин, кој мина 82 денови пливајќи во Заливот на Токио.

6 јули 2012 - 11:59