Од 1-ви јули, јапонското Министерство за здравје, труд и социјална работа, ја забрани продажбата на суров говедски црн дроб во рестораните низ државата. Пржен или на скара и понатаму може слободно да се продава.
Во исто време супермаркетите почнаа да лепат предупредувања на производите со вакво месо, на кои пишува - Ова не треба да се консумира живо. Загрејте го пред јадење.
И покрај изобилството на сурово месо во јапонската кујна (од риба до коњ), токму забранетиот црн дроб беше поврзан со неколку смртни случаи во изминатите неколку години.
"O-157 нишката на бактеријата ешерихиа коли е концентрирана во дробот на говедата. Генерално консумацијата на сурово месо може да предизвика труење, без разлика дали месото е свежо или не," изјавил портпаролот на Министерството.
Инаку, министерството се уште нема реагирано на барањата да се забрани консумацијата на човечко месо. Темата стана посебно популарна, откако еден тамошен уметник ги понуди за јадење неговите (хируршки отстранети) тестиси, по цена од 250 долари. Запрашан на Твитер "кога ќе биде следниот пат," 22-годишниот Мао Сугијама, твитнал "Само еден пар имам."