Живот и забава

НАСА пушти ценовник за туристички тури во вселената

Агенцијата објави дека ја отвора Меѓународната вселенска станица за комерцијален бизнис (и посети). За почеток понудите се без ол-инклузив.

Белото месо штотуку поцрвене

Сите знаеме дека да се јаде бело месо е каде-каде поздраво отколку да се јаде она црвеното. Е па, не.

Папата го смени пасвордот

Поглаварот на римокатоличката црква промени секвенца во веројатно најчестата молитва на христијаните, онаа со која го започнуваме секој семеен ручек фатени за раце, молејќи се да не е боранија.  

Фејкањето позитива на работа води кон чашката

Ако сте принудени на работното место постојано да се смешкате и да бидете пријатни со секакви говеда имунизирани од статусот „клиент“ само за да уживаат во повластеноста на тој статус дефиниран во она глупо капиталистичко правило „Муштеријата секогаш е во право“ (не, никој не е секогаш во право), таа напнатост и претерана контрола на емоциите некаде мора да се олабави за да не пукне. Алкохолот е логично решение за испуштање пареа од зовриениот емотивен бојлер. 

Алчно око стонерско

Орегон е до толку преплавен со легална марихуана, што ако во моментов престане да се сади и одгледува, ќе бидат потребни 6 и пол години за да се испуши (или изеде како додаток во храна) залихата што моментално ја имаат.

Како Монсанто ги манипулира новинарите и академиците

Како што Монсанто од рочиште во рочиште се приближуваше до судските казни во неколку тужби, така документи (објавени како докази) откриваа како компанијата дава сè од себе за да ја замати целата приказна околу себе.

Новиот Нотр Дам со закон ќе биде копија на стариот, до последен детаљ

Францускиот Сенат го одобри надополнувањето на законот за реставрација на катедралата, и според него на Нотр Дам не смее да се смени ниту еден камен, штица или шајка од она што било негова „последна позната визуелна состојба“ пред пожарот.

Авто-цензурата на политичката коректност ја убива науката на факултетите

Универзитетските кампуси во Америка одамна не се академски оази во кои се негуваат и развиваат отворени дискусии, дебати и вкрстување на аргументи. Запоседнати се од бучна, ѓоа левичарска младина, која и науката би да ја негира ако им се судира со идеологијата.

Колку загадува твоето гледање Јутјуб видеа

Секој потег што го правиме на интернет без разлика дали тоа било во брасуер на компјутер или во апликација на смартфон, на крај мора да биде обработен од некој сервер сместен некаде низ светот (или тука локално), каде тој сервер мора да работи на струја, која некако мора да се создаде.

Водата испарува на 270 децибели

Научници произвеле звук за кој тврдат дека е најгласниот можен зввук, толку моќен што ја испарува водата со која доаѓа во контакт. Сакате да чуете?

Како Русија планира да испрати космонаути на Месечината до 2030

Во говор на Московскиот Универзитет, првиот човек на Роскомос, Дмитри Рогозин, објави план за десетина години да го слетаат (и вратат) првиот руски космонаут на Месечината.

Бившата на Безос веќе „списка“ пола од милијардите што ги доби во разводот

По разводот со Џеф, Мекензи Безос заврши со некои си 37 милијарди долари (дури и откако се откажа од купишта пари). Сега стигна некаде на половина од овие пари откако другите ги даде во добротворни цели.

Амнести интернешнл остана без речиси целото раководство

По ревизијата која утврди дека организацијата насочена кон помагање на најзагрозените групи на луѓе во светот е „токсично работно место“, Амнести интернешнл се реши на бркање на 5 од 7 извршни директори.

Најголемиот колекционер на винили не слуша плочи

Мартин Смитерс ја има веројатно најголемата колекција на винилни плочи на светот во која има инвестирано стотици илјади долари. Тврди дека не слуша ништо од тоа. Кога сака да чуе нешто музика, си пушта Јутјуб.

Шамарот Василиј стигна до Гардијан

Земјоделец од Сибир е многу прецизен и прифатлив опис на Василиј Камотски, дивоградбата од човек што отшрафуваше глави на првенството во мавање шамари во Сибир.

Зошто пилешкото е толку евтино?

Многу работа во цената врши тоа што во секој даден момент на планетава има 23 милијарди кокошки / пилиња.

Програмери престанете да се кажувате дека сте инженери

Некако низ годините ИТ индустријата успеа на сите позиции во своите редови што не се поврзани со продажба, маркетинг и дизајн да им го накалеми терминот „инженер“. И ова е погрешно по голем број основи. На пример, инженер инженер има вистинска должност кон јавната безбедност и сигурност.

Фејсбук како глобална платформа за борби со кучиња

Помошта што организаторите на вакви настани ја добиваат од Фејсбук не се однесува само на промоција на борбите, туку и на развивање на цела мрежа за безкрупулозна трговија со кученца.

Како пропаднаа илјада научни трудови

Пред 20-тина години откриваат дека извесен ген има големо влијае врз ризикот од депресија. На основа на тој научно докажан факт се калемат куп истражувачки трудови кои прецизираат секакви можни детали поврзани со темата. Две децении подоцна, се констатира дека фактот баш и не е факт а целата научна документација изградена врз него, сега може да се користи за виткање тегли ајвар.  

Стоунси конечно им попуштија на Верв за „Bitter Sweet Symphony“

Во 1997 Ричард Ашкрофт од Верв ја пишува една од химните на бритпоп ерата „Bitter Sweet Symphony“, и до пред некој ден тој немаше речиси никакво право врз песната затоа што земал семлп од песна на Стоунси.

Новартис го има најскапиот лек на светот

Се работи за генетска терапија по име Золгенсма наменета за третман на смртоносната спинална мускулна атрофија кај новороденчиња, и Новартис ја продава за 2,1 милиони долари.

Колку повеќе си ја сакаш работата, толку те мислат за поглуп

Експлоатацијата на вработените станува многу поприфатлива за околината кога вработениот го сметаат за „пасиониран“ околу својата работа, покажува споредба на повеќе студии.

Банкси им упадна на Биенале со тезга на диво

Неколку дена по отворањето на Уметничкото биенале во Венеција, на плоштадот во главниот град се распостелува див тезгаџија што вади 9 уметнички слики за да ги продава. За некое време доаѓа полиција и го пакува човекот затоа што е без дозвола. Не се знае дали продал нешто. Од вчера се знае дека е Банкси.

Само вие продолжете да се лечите на Јутјуб, оставете што ви зборат доктори

Најмалку две лица се умрени откако одлучиле да послушаат еден Јутјуб надрилекар според кој аутизам се лечи со пиење варакина. До сега еден од клиповите на темава има над 2 милиона прегледи, па веројатно ова нема да бидат последните два случаја.