Како што добиваше на изглед, боја и сјај, доматот во последниов период сè повеќе губеше на мирис и вкус. Тоа е толку болна загуба што кога денес човек ќе наиде на прав патлиџан, лицето му се озарува како да открил таен портал до своето детство. Зошто денешните немаат вкус? Како ќе имаат кога им фалат цирка 5.000 гени?