Истражувањата исто така покажуваат дека деца може да го закачат и да го шират вирусот и тоа повеќе поголемите деца отколку помалите. Науката признава дека причините за ваквите трендови засега се нејасни бидејќи училиштата и другите детски установи се идеални простории за трансмисија поради големиот број лица во затворен простор подолго време. Ама, ете, не е така.
Дури и во земји во кои короната се враќа на големата врата, кластери во училишта се невообичаени. Во Италија во септември беа отворени 65.000 училишта. Само во 1,212 бил регистриран ковид за еден месец. Во 93% од случаите, се работело само за едно заразено лице а само едно училиште формирало кластер поголем од 10 лица.
Слично е и во Викторија, Австралија, каде вториот бран се случи во јули но ретки се случаите тој да земал замав во училиштата. Две третини од школските 1.653 случаи се задржале на едно лице а 91% вклучувале помалку од 10 лица.
Случајот со отворањето на училиштата во Велика Британија покажува дека возрасните се оние кои имаат најголеми шанси да се заразат во такво сценарио. Над 30 случаи на училишна зараза биле меѓу вработени а само во 2 случаи се работело за пренос од ученик на ученик.
Помладите од 12-14 години имаат помали шанси да закачат вирус од возрасните луѓе. Оние до 5 години најмалку пренесуваат вирус но затоа од адолесцентите, трансмисијата е речиси иста како кај возрасните, сумира Валтер Хаас, епидемиолог од институтот Роберт Кох во Берлин.