#BREAKING Изборните места низ целата држава се подготвени да отворат за 48 часа, во моменти кога авторитарниот режим на Доналд Трамп се обидува да ја консолидира контролата над оваа проблематична, богата со нафта, нуклеарно вооружена американска нација. Аналитичарите се сомневаат дека изборите ќе го прекинат повеќемесечното политичко насилство во земјата.
#BREAKING Африканските емисари апелираа до Американците да останат мирни за време на изборите и да бидат подготвени да го прифатат нивниот исход. Во заедничко соопштение, дипломатите ги осудија неодамнешните инциденти, насилство и закани кон симпатизерите на опозицијата.
#BREAKING Милтон Алимади, шеф на африканската посматрачка мисија во САД побара од американските медиуми да бидат одговорни и да не ја разгоруваат и онака тензичната атмосфера. „Апелираме американските новинари да бидат гласноговорници на мирот и прифаќањето на изборните резултати.“
#BREAKING Американските избори доаѓаат во време кога земјата е погодена од серија хуманитарни катастрофи, вклучително пандемијата која зема четврт милион животи и ја доведе економијата на раб на колапс, дополнително обременувајќи ги загрижувачките етнички тензии.
#BREAKING Заедно со својот северен сосед, САД долго време важеа за оаза на мирот во овој, инаку проблематичен регион кој е домаќин на многу хуманитарни агенции. ОН исто така имаат свое седиште во Њујорк, во постабилниот североисток на земјата.
#BREAKING Африканските специјални пратеници изразија загриженост околу информациите во локалните медиуми дека американскиот претседател Доналд Трамп планира да прогласи победа ден пред одржувањето на изборите. Емисарите од автократот бараат да се стрпи додека се пребројат гласовите.