Статијата се вика „10-те најстари јазици кои сè уште се зборуваат во светот денеска“ со која читателите на "Culture Trip" накратко се запознаваат со хебрејскиот, баскијскиот, тамилскиот, литванскиот, исландскиот, фарси јазикот, ирскиот галски, финскиот, грузискиот и нашиот, македонски јазик, за кој пишува:
Македонски
„Словенското јазично семејство кое го вклучува рускиот, полскиот, чешкиот и хрватскиот јазик меѓу другите, е релативно нов во однос на јазичната историја. Тие започнуваат да се одделуваат од нивниот заеднички предок, прасловенскиот јазик, кога Кирил и Методиј го стандардизирале јазикот, создавајќи нов, кој денес се нарекува староцрковнословенски, притоа создавајќи и азбука за него .Го земаат со себе тој јазик кога заминуваат на север во мисија да ги христијанизираат Словените. Доаѓаат од место кое се наоѓа северно од Грција, денес познато како Македонија, Република Македонија или ФИРОМ поради спор со името (статијата е пишувана во јули, 2018 - н.з.) и денес македонскиот јазик, заедно со блискиот бугарски роднина е јазик кој е најблизок до јазикот на Кирил и Методиј“.
Најверојатно после реакции од бугарски читатели, уредништвото на сајтот нашло за потребно да го напише и ова:
После коментарите околу комплексните односи меѓу Македонија и Бугарија, ние од Culture Trip би сакале да истакнеме дека наспроти сите комплексности, во академскиот свет надвор од тој регион преовладува консензус дека бугарскиот и македонскиот се различни јазици. Ако не ни верувате, прочитајте ја статијата за историјата на македонскиот јазик.