Забраната не е за да се спасат пушачите, туку за останатите да се заштитат од негативното влијание од пасивно пушење.
Бордот на супервизори одлуката ја носи со 10 гласа спрема 1. На ова е изгласан и амандман кој од правилото го исклучува пушењето марихуана. Објаснувањето за ова второто е дека законите на Калифорнија забрануваат пушење марихуана на јавни места, заради што оваа група на пушачи не би имала каде да пафка.
Дополнително, докторите објаснуваат дека не е докажано дека чадот од марихуана „од втора рака“ е штетен за луѓето.
Законот следната недела треба да мине уште еден круг на гласање, по што треба да биде потпишан од градоначалникот, и по 30 денови почнува да важи.
Прекршувањето на новото правило нема да биде основа за иселување од јавните станови, меѓутоа прекршителите може да добијат казна од 1.000 долари.
До сега 63 градови во Калифорнија забранија пушење цигари во јавните станови.