Според Тегнел и понатаму не е јасно до кој степен се намалува стапката на пренесување на вирусот кога повеќе луѓе се изложени на вирусот.
Сомнежите на Тегнел околу имунитетот следуваат по настаните по крајот на летото кога стапката на заразување почна да расте во Шведска и остатокот од северната хемисфера. Имунитетот на стадо се случува кога доволно луѓе во една средина се заразени и вакцинирани, и со тоа имуни. За ковид-19, ова е меѓу 55 и 82 проценти.
Шведските бројки од јуни покажуваат дека само 10% од жителите на Стокхолм, една од најтешко погодените области во земјата, имаат анти-тела на ковид-19.
„Јасно е дека тоа ја намалува стапката на пренесување на вирусот, меѓутоа тешко е да разбере колкав е тој ефект и какво е неговото влијание споредба со другите фактори кои го забрзуваат пренесувањето на болеста.
Овој баланс може да е поинаков од тоа што јас и останатите го мислевме,“ изјавил Тегнел.
Шведската стратегија за сега резултираше со далеку повисок број на мртви од ковид-19, отколку која било друга нордиска држава.