Здравствени работници и стари лица први во ред за ковид вакцина

Американското ЦДЦ приоритет за вакцинирање од ковид-19 им даде на здравствените работници на земјата и возрасните лица кои долги години живеат во старечки домови.

САД имаат отприлика 21 милиони здравствени работници и уште околу 3 милиони возрасни лица кои „доживотно“ се во старечките домови.

Очекувањето е дека на најголемиот дел од сојузните држави и локалните власти ќе им бидат потребни околу 3 седмици за да ги вакцинираат сите свои здравствени работници, откако вакцината ќе биде достапна. Вакцините на Фајзер и Модерна предвидуваат две дози, кои треба да бидат дадени со околу 1 месец разлика.

Минатиот месец и Фајзер и Модерна побараа одобрување по итна постапка од ФДА за употреба на нивните вакцини на територија на САД. ФДА (Food and Drug Administration) на 10-ти декември треба да има состанок околу барањето на Фајзер.

На 16-ти ноември американските власти објавија дека до крајот на годината ќе имаат на располагање околу 40 милиони дози од вакцината. Неделава, тие се надополнија дека планот им е до јуни 2021 да биде вакцинирана целосната популација на САД од 331 милион луѓе.

За остатокот на светот, речиси 8 милијарди луѓе, нивните очекувања се дека вакцинацијата за ковид-19 ќе биде завршена до почетокот или средината на 2022.

 

2 декември 2020 - 12:44