Масовното тестирање во Словачка за 60% ја намалило стапката на заразување

Резултатот е комбинација од масовното тестирање на повеќе од половина од популацијата на земјата, плус строги правила за карантин и други мерки против пандемијата.

Откако беше спроведено тестирањето, Словачка побара сите работодавци да не дозволат вработените со позитивни тестови да се вратат на работа, а позитивните мораа да отседат 10 дена карантин заедно со нивното семејство. За цело ова време на сите нив им течеше полна плата.

Тие што беа негативни на тестовите можеа да се вратат на работа, меѓутоа тоа не им беше критериум за да посетуваат возрасни лица во старечки домови, или за студенти да се вратат во своите родни градови за празниците.

„Вежбата во Словачка не беше спроведена со цел кревање на рестрикциите, туку за да се откријат ковид случаите и да се изолираат,“ пишува Сара Боусли во Гардијан.

Примерот на Словачка се смета за силен доказ дека карантинот плус масовно тестирање доведе до големо намалување на ширењето на ковид-19.

„Тоа е како да фрлиш голема кофа вода врз оган; нема целосно да го изгаси ама ќе ја намали големината на пожарот. Ако ништо друго барем купуваш време за да не мора да имаш уште едно затворање од четири или пет недели,“ објаснува професорот од Лондонската школа за хигиена и тропска медицина, др. Стефан Флаш.

Ноемвриското тестирање во Словачка откри над 50.000 лица кои во моментот биле заразени со ковид-19.

Она што е најважно според доктор Флаш е дека успехот на масовното тестирање во Словачка е заради тоа што сите позитивни и сите кои биле во скорешен контакт со нив, морале да се само-изолираат во своите домови.

Според нив оваа комбинација неспоредливо повеќе врши работа и побрзо го намалила бројот на нови заразени отколку само воведување на построги рестрикции за движење, плус нема ни приближно катастрофално влијание врз економијата како затворањето на цела земја или цели области.

Тестовите што ги користеше Словачка, SD Biosensor брзи тестови, чинат 5 долари по примерок.

8 декември 2020 - 16:31