Холивуд се подготвува да ги жртвува кината

Кино салите во САД се на издишување. Холивуд изгледа реши да ги батали со одлуката филмовите да се пласираат истовремено и во кино салите, и на стриминг.

Неделава се случија сеизмички поместување во американската кино индустрија. ВорнерМедиа, едно од најголемите филмски студија на светот, реши сите свои филмови во 2021, вклучувајќи го Матрикс 4 и Дина, да имаат премиери истовремено и на ХБО Макс и во кино салите.

Секој филм ќе биде стримуван цел месец пред да биде изваден од платформата, доста чудно решение и на претплатниците да им се понудат нови филмови и на кино салите да им се даде надеж дека можат да преживеат. Ова хибридно решение ВорнерМедиа го смета за стратешки одговор на ударот кој го зададе ковид пандемијата.

Ваквиот „компромис“ веројатно ќе биде катастрофален за кино салите. Почнувајќи од Божиќ и Wonder Woman 1984, претплатниците на ХБО Макс ги очекуваат големи франшизи како Godzilla vs. Kong и The Suicide Squad, кандидати за филмски награди (King Richard and Judas и Тhe Black Messiah), семејни филмови (Том и Џери и Space Jam 2), приквелот на Сопранос, новиот на Клинт Иствуд и уште многу други а публиката ќе има малку причини да плати за нив повеќе за да ги види во кино, дури и ако протоколите тоа го дозволуваат.

Иако означен како стратешки, се чини дека овој потег повеќе е панична одлука отколку промислена одлука за долгорочен успех. Кино салите се во паника дали воопшто ќе ја преживеат пандемијата а потегот е рискантен и за самите студија.

На краток рок, ваквата одлука се чини доста рационална. Дури и со имање вакцина од почетокот на 2021 година, кино индустријата тешко да се врати во нормала пред летото. Во меѓувреме, филмските пазари во други делови од светот, особено во Азија, стануваат сè поинтересни поради подоброто справување со пандемијата. Со ваквата симултанка на премиери, ем ќе се набави нешто кеш од надвор, ем ќе се засили привлечноста на својот ХБО дома.

ВорнерМедиа велат дека ова е само привремена мерка и дека таа би можела да биде укината во текот на 2021-ва. Само, прашање е дали кино салите до тогаш ќе издржат. Регал, еден голем ланец на кино сали во САД затвори за стално а најголемиот ланец, АМЦ, најави дека ќе остане без кеш на почетокот на 2021 година.  

 

7 декември 2020 - 21:37