Бројките на Гамалеја институтот се од речиси 19.000 волонтери што ја примиле вакцината, кај кои таа има ефикасност од 91,4% во првите 28 дена по вакцинирањето и над 95% по 42 дена.
Руската вакцина е трета во изминатите две недели која покажува ефикасност од 90% или повеќе, меѓутоа ниту еден од досега објавените резултати не е потврден со независни студии, туку се базираат на она што компаниите решаваат да го објават во своите соопштенија.
До сега повеќе држави низ светот покажаа интерес за руската вакцина, а според Русија постојните договори ќе им овозможат на земјите низ светот следната година да произведат до 500 милиони дози од вакцината.
Русија беше првата држава што регистрираше ковид-19 вакцина уште во август годинава, пред да почнат трета фаза на тестирање или да објават какво било истражување. Освен Спутник, во октомври руските власти одобрија вакцина од Вектор, поранешната лабораторија за биолошко оружје сместена на Сибир.
Земјата веќе има произведено 117.000 дози од Спутник, а се очекува до почетокот на следната година да имаат 3 милиони дози. Најавите се дека цената на Спутник вакцината, која треба да биде примена на два пати, ќе биде 20 долари.