Меѓу главните прашања се:
- Дали луѓето може да имаат ретки или одложени нус-појави, кои можат да бидат откриени само со долгорочни испитувања со милиони учесници?
- Колку долго би траел имунитетот од вакцинацијата?
- Дали вакцините го спречуваат пренесувањето на вирусот или пак спречуваат луѓето да станат болни.
Во врска со првото ставот на докторите е дека најголемиот дел од нус-појави од вакцините се случуваат на краток рок, признавајќи дека ова не мора да важи и за ковид-19, бидејќи и онака не се знае многу за болеста. Моментално десетици илјади луѓе во САД се дел ок клинички истражувања и ќе бидат следени најмалку 2 години за да се утврди дали вакцините ќе предизвикаат некој проблем на долг рок.
Бидејќи самиот судир ковид-19 - имунитет не е баш јасен, докторите немаат најточна претстава колку би траел имунитетот по вакцинирањето, меѓутоа се на став дека ако масовно и брзо може да се испорача вакцина, тоа ќе има сериозно влијание во потиснување на пандемијата.
И покрај овие нејаснотии, Британија за некое време почнува со вакцинирање, а исто и Русија, додека САД по итна постапка ќе го одобрат користењето на вакцината на Фајзер.