Додека со хеликоптер надгледувале диви овци по недојдиите на Ред рок кантри во рурална Јута, луѓе од службата за јавна безбедност случајно забележале сјаен монолитен објект.
Првичната инспекција на местото покажала дека нема знаци дека блокот е спуштен од воздух бидејќи се работи за непристапно место за таква операција. Констатирале и дека блокот е некако прицврстен за тоа карпите а снимката со луѓе во униформа околу мистериозниот објект ја засилуваат амотсферата на „Twilight Zone“.
Веројатно се работи за некој трол/уметник со доволно пари за ваква егзибиција но ако вонземјани сепак пристигнале а ова треба да е некако чеиз, не требале толку да се трошат.
п.с. Не можеш ти од бадијалџии ништо да сокриеш :)