Живот и забава

Германија прејде на „високо“ ниво на закана од коронавирусот

Заради значително и рапидно зголемен број на нови заразени со ковид-19, германскиот центар за контрола на болести го зголеми нивото на ризик од ширење на коронавирус во земјата од „умерен“ на „висок“, а во одредени делови и на „многу висок“.

Околу носењето маски и останати факти за ковид-19

Маските за лице се корисни, ама има кога и како се корисни, и се заштита, ама не целосна, плус може да направат и поголем проблем.

Норвешка воведе казна за напуштање на домот, и казна за одење во викендица

Последните мерки на норвешките власти (што ги соопштија он-лајн на дигитална прес-конференција), вклучуваат забрана за патување во Шведска и Финска, и 2000 долари казна за секој што ќе ги прекрши правилата за домашен карантин.

Колку живее ковид-19 на различни површини?

Научници ангажирани од американската влада сработија студија за тоа кој материјал, од најчестите што ги има по дома и во канцеларија, колку време е гостољубив кон новиот вирус. Резултатите се: во воздух најкратко (од испитаните), на росфрај најдолго (од испитаните).

Ментално здравје сред ковид-19

Константното зуење за коронавирус, ковид-19, број на заразени, број на само-изолирани, починати, отворени/затворени граници, масовно правење залихи, одложено што сè не, мерки за заштита итн. многу подло и незабележливо почна да удира и на психичкото здравје.

Како функционира сапунот?

На молекуларно ниво, сапунот ги разбива нештата. На оштествено ниво, тој помага нештата да се одржат заедно.

Првиот човек на СЗО: Брзина, а не перфекција

Извршниот директор на Светската здравствена организација, Мајкл Рајан, на сите оние кои се носители на одлуки и треба да ја менаџираат кризата со коронавирусот им пренесува битна лекција која ја научил од случаите со ебола.

Чиј е ковид-19?

Додека низ светот се шират позитивните вести од Кина на тема коронавирус, во Кина, барем на Веибо, вчера главна тема е едноминутен клип од директорот на американскиот Центар за контрола на болести (ЦДЦ), кој беше протолкуван како доказ дека ковид-19 потекнува од САД.

10 причини да не паничите околу коронавирус

Пандемија значи постојано пренесување на болеста, симултано, во повеќе од три различни географски региони - а не се однесува на смртноста на вирусот. Се однесува на начинот на пренесување и географската распространетост.Она што сигурно го имаме е пандемија на страв.

Италијанска медицинска сестра: „Како во војна“

Медицинска сестра од италијанскиот фронт против коронавирусот го објаснува досегашното искуството како „војна“. Италија пред некој ден го надмина 1.000-от смртен случај од коронавирусот.

Како Сингапур веднаш беше подготвен за ковид-19?

Додека заедно со остатокот од светот ги прележуваше САРС и Х1Н1, Сингапур полека градеше робусен систем за следење и спречување епидемии. Кога дојде редот за ковид-19 тие само продолжија да го прават тоа што до тогаш го правеа.

Што е „израмнување на кривата“ на коронавирусот и зошто тоа е важно?

Иако процените се дека имунитетот на комплетното човештво моментално е како кај Индијанците при доаѓањето на Колумбо, и дека со тек на време најголем дел од светската популација ќе се зарази, здравствените власти низ светот сепак имаат сосема поинаква логика зошто инсистираат во моментов секој да даде се од себе во борбата против ковид-19.

Зошто опадна смртноста во Кина

Стапката на смртност од коронавирусот, во епицентарот на заразата Вухан, застрашувачки се движи меѓу 3 и 4 проценти. Но, постои еден битен додаток: надвор од Вухан, во остатокот од Кина, од ковид-19 умираат околу 0,7%.

Сите ќе бидеме Италија

Инфографик кој покажува која земја за колку дена ќе биде во ситуација идентична како онаа во Италија. А според ова, сите ќе бидат тоа за само 9 до 14 дена. Освен една земја. Јапонија да ја каже финтата!

Откажи сè

Сумирањето на досегашната состојба на коронавирусот, Атлантик ја заокружува со кинеската одлука за забранување на сите видови јавни собири, и да побара од граѓаните во најпогодениот регион да се само-изолираат, по што ширењето на вирусот во земјата почнува да издишува.

Нема измама што Французи нема да им ја направат на туристи, па макар била и за коронавирус

Кинеската амбасада во Париз алармира дека измамници се претставуваат како полицајци и казнуваат кинески туристи низ градот заради носење заштитна маска против коронавирусот. Измамниците наплаќале по 150 евра казна. Таква казна не постои.

Веганско гледа, сол вади

Еден од начините да ги збогатиш и нагласиш вкусовите на некое јадење е да му ставиш некаква животинска маст (млеко, сало, лој, путер...). За тие што одлучиле да се лишат од овие благодати на природата, алтернативата е - сол, и тоа многу.

За коронавирусот, судбината е во нашите раце

Угледниот научен магазин Pоpular Science излезе со наслов „Зошто ковид-19 не може да го победи доброто миење раце“? А во статијата има еден живописен совет кој треба да се запамети: Мијте ги рацете како да се лупеле лути пиперки а треба на очи да ставате контактни леќи. 

Автомобилските гуми се бетер поштетни од автомобилскиот ауспух

Тоа што честичките гума што летаат од тркалата на возилата не ти се воочливи на ист начин како издувните гасови е веројатно најголемата измама околу загадувањето што не ја забележуваме.

Коронавирус за цела сала

Млад пар се враќа дома во Нов Зеланд од одмор во Северна Италија. Девојката се враќа со коронавирус, дечкото без. Неколку дена подоцна дечкото оди на концерт во една од најголемите сали во новозеландски Оукленд.

Не е само какви сè отрови дишеме, туку и какви „отрови“ слушаме

Откако секој ќе направи виц за музиката што него не го бендисува, да појасниме дека се работи за многу посериозен проблем со аудио загадување во градовите и новите бројки се дека секој пети жител на ЕУ е изложен на штетно загадување со галама, односно тоа што не го ни чувствувате дека бучи насекаде околу вас се додека не отидете на планина или некоја пустелија. И ова само ќе продолжи да расте во иднина.

Турција со рестрикции на извозот на медицинска заштитна опрема

Како дел од мерките за предострожност за заштита од коронавирусот 80-милионската Турција се одлучи на ригорозни рестрикции на количините медицинска заштитна опрема што се извезуваат од земјата.

Коронамитови

Главно нешто што треба да запаметите додека да пројде вирусот и паниката е дека миење раце (темелно) е многу поважно од тоа дали и каква маска ќе носите.

Њујорк тајмс: Зошто успехот на Њујорк тајмс може да е штетен за новинарството

Во 2014 акциите на Њујорк тајмс се пред колапс, а компанијата има продадено речиси сè освен мебелот за да може да продолжи да работи. Денес медиумот е речиси недостижен за останатите новински организации во САД и тоа може да заврши лошо, пишува за Њујорк тајмс новиот колумнист на Њујорк тајмс, Бен Смит.