Живот и забава

Папата кој Ватикан не го признава

Додека во фокусот на целиот свет беше изборот на нов папа во Ватикан, постои друга црква во Европа која не го признава авторитетот на Лав 14-ти. За „вистински и единствен“ водач на католичкиот свет го смета својот папа Петар Трети. Палмарската црква се појавила по смртта на папата Павле Шести, за кој тврди дека бил систематски труен од масони во Римската курија.

Ледената покривка на Антарктикот почна да расте

Научниците се изненадени од позитивниот климатски пресверт на „дното“ на планетата. Мразот на Антарктикот, кој со децении забрзано се топеше, ненадејно почна да се обновува. Климатските експерти предупредуваа дека ако се стопат само четири големи глечери, нивото на морето ќе се крене за 7 метри. Новиот тренд го стабилизира кревањето на морето на 0,3 милиметри годишно.

Наместо да дишат кислород, бактерии создаваат струја

Бактерии како ешерихија коли генерираат струја додека дишат на специфичен начин. Тоа не значи дека утре ќе можеме да ги замениме енергетските централи со плантажи од бактерии, но специфичната способност придонесува за развој на биоелектронски сензори во средини без кислород, нови алатки за медицинска дијагностика, следење на загадувањето или мисии во вселената.

Големиот хадронски колајдер од олово прави злато

Современата технологија конечно го оствари сонот на средновековните алхемичари. Од олово е создадено злато, кое за жал нема да збогати никого освен физичарите и инженерите. Големиот хадронски колајдер на ЦЕРН треба да судира атомски честички на олово повеќе од 3.000 години за да ги создаде шесте грама злато колку што ги има во обичен прстен.

Каков ли е тоа таен подземен град од 21.000 милијарди долари?

Поранешна функционерка во администрацијата на Буш тврди дека САД изградиле подземни градови за десетици илјади милијарди долари тајно извлечени од буџетот. Нема одговор како е можно никој од армијата градежници да не каже ни збор за тоа. Но, факт е дека во САД уште од Студената војна цвета бизнисот за копање бункери, без оглед дали се луксузни или егзистенцијални.

Виолетовата боја во Америка значи СТОП

САД се прочуени по заштита на светоста на приватниот имот па секое влегување во нечиј двор може да доведе до фатални последици ако сопственикот е а) напнат и б) има оружје. Заради тоа ги ставаат оние знаци за забрана за минување („No Trespassing“), за на сите да им биде јасно да се свртат и да заминат. Но, во речиси половина држави не ни ставаат знаци туку предупредуваат со боја.

Гасот од шпоретите е ризик за рак кај децата

Шпоретите на гас ослободуваат доволно големо ниво токсични гасови за да предизвикаат рак, покажува нова студија. Главниот виновник е бензенот, кој се создава со согорување на природен гас или пропан. Децата се двојно повеќе изложени на ризикот од возрасните. Добрата вест е што подобро вентилирање на домот, макар и отворен прозорец покрај шпоретот, го намалува ризикот.

Гравитацијата е доказ дека живееме во симулација?

Што ако гравитацијата, силата што нè држи на планетата, всушност е само обид да се заштеди процесорска моќ во Универзумот, за да се среди нередот во него? Ова е основа на сериозна научна теорија дека животот каков што го знаеме е симулација. Се чини фантастична, но теоријата на релативноста и квантната механика не дале ништо подобри одговори што е гравитација.

Зрачењето од мобилните сепак имало врска со канцер

Мобилните телефони, рутерите, базните станици, сите уреди со радиофреквентни зрачења сепак имаат врска со тумори, покажува нов преглед финансиран од СЗО. Тоа не мора да значи дека треба итно да се ослободиме од мобилните телефони, без кои животот денес не може да се замисли, но има инженерски решенија што може да помогнат. Пред се, луѓето треба да знаат за ризикот.

Најнесреќниот маж на светот: Јапонец, сингл

Може да биде тешко да се биде сингл (оти па во брак не е), но, и покрај предизвиците, во Јапонија повеќе од кога и да било, луѓе се решаваат да тераат сами до крај на животот. Резултатот од таква одлука се манифестира различно кај мажите и кај жените. Клучна е разликата во перцепцијата на бракот; мажите се убедени дека жените малку даваат а жените дека мажите многу бараат.

Вакцина на шмркање

Канадската влада започна интензивно тестирање на новата мРНК „AeroVax“ вакцина против ковид, која експертите ја опишуваат како начин да се заобиколи отпорот на традиционалната вакцинација. За разлика од конвенционалните вакцини кои се даваат со инјектирање, AeroVax се администрира преку аеросол - како спреј што се вдишува и директно ќе го таргетира горниот респираторен тракт.

Кинеските 2.000 метри под морето

За амбициите на кинеските инженери буквално нема граници. Ќе градат огромна станица длабоко под морето, проект што по комплексноста може да се спореди со три модули на вселенска станица. Целта е научно-истражувачка, но ползата може да биде и економска поради вредните минерали на дното на морето. Ќе се проучува и дали ретките организми може да помогнат  да се најде лек за рак.

Човек-мунгос со универзален змиски противотров во вените

Науката треба да е неизмерно благодарна на лудата манија на Тим Фрид да се клука со стотици змиски отрови и на неговата среќа да ги преживее. Антителата се прилагодиле да се бранат од секој токсин, па сега од неговата крв се развива противотров ефикасен против сите отровници. Од каснувања од змии секоја година умираат по 140.000 луѓе, а тројно повеќе остануваат со трајни последици.

Фаучи под истрага дека финансирал истражувања со вируси во Вухан

Специјален разузнавачки тим ќе ги проверува врските на докторот Ентони Фаучи со опасни истражувања на вируси во лабораторијата во Вухан, од која мошне веројатно се прошири пандемијата на ковид. Шефицата на разузнавањето потсети дека САД финансирале опасни генетски истражувања на вируси и во биолаборатории во Украина пред да почне војната.

И на машина ѝ е тешко да разликува дипфејк од реалност

Алатки за компјутерски монтирани снимки одамна можат да го прелажат човекот дека се вистински. Дипфејк технологијата за десетина години стана толку напредна, што сега го доловува и пулсот на манипулираниот лик - ситница невидлива за човековото око, која за машинските детектори беше сигурен белег дека содржината е измама. Како ли ќе биде за десет години од сега?

Елате да им се смееме на Јапонците

Ии рикнал системот за читање на електронските картички за наплата па операторот решил да ги подигне сите рампи на 106 наплатни пункта бидејќи дефектот бил нивен а автомобилите имаат право да минуваат. Подоцна операторот им рекол дека сепак е фер да платат што возеле по автопат. 24.000 совесни Јапонци се согласиле дека е така и се пријавиле да платат. 

Брза храна - побрза смрт

Претерано користење ултраобработена храна - како месо, житарки или готови оброци, го зголемува ризикот од прерана смрт, покажува глобално истражување. Ваквата храна веќе содржи превисоки концентрации на масти, сол и шеќер, а уште поголема штета создаваат адитивите за боја, вкус и засладувачите. На секои 10% внесена брза храна, ризикот за прерана смрт се зголемува за 3%. 

„Модерна“ нуделе пари и плишани мечиња за деца да тестираат вакцини

Фармацевтската гранка за развој и производство на вакцини која во ковид времето доживеа невиден бум, сега дополнително се дискредитира со последната епизода која може да резултира со суспендирање на еден од нивните гиганти, Модерна, од британскиот пазар. Компанијата е осомничена за кршење на низа правила, меѓу кои лажење на регулаторите и нудење „мотивациски“ подароци за деца.

Пола од грчките смртни случаи од ковид не биле од ковид

Анализа на смртни случаи во атински болници во 2022 година покажала дека имало речиси двојно повеќе запишани отколку реални смртни случаи од ковид. Коронавирусот го запишувале како причина за смртта кај сите пациенти со позитивен ПЦР тест, дури и ако немале никакви симптоми. Доктори сметаат дека грешната евиденција била правена намерно, за да се прошири страв во јавноста.

Златниот орел нема да ги преживее ветерниците

Речиаси за половина е скокната смртноста на златните орли во Америка а мапите покажуваат дека тие најчесто гинат кадешто се најгусти инвестициите за електрична енергија добиена од ветар. Иако „нето нула“ хистеријата е на пауза после Трамп, за орлите нема добри вести. Допрва ќе се градат ветерници чии перки стануваат големи речиси колку Ајфеловата кула.

Ќе ни го затемнат Сонцето „за наше добро“

За неколку недели се очекува да бидат одобрени првите проекти за затемнување на сонцето за да се прават сенки кои теоретски би можеле да го намалат затоплувањето на планетата. Геоинженерски експерименти на отворено ќе создаваат вештачки облаци или ќе им ја зголемуваат рефлексијата на природните. Никој нема поим дали тоа е возможно и какви би биле последиците.

Што всушност се криe за мРНК вакцините?

Германски и европски надлежни институции со години не даваат одговори за тестирања на мРНК вакцините, иако податоци одамна се протечени во јавноста. Освен што со ваков молк се губи довербата во надлежните, криењето податоци создава впечаток дека стандардите за безбедноста можеби не се толку високи колку што е неопходно за дозирани лекови што масовно се користат кај здрави луѓе.

Запознајте ги екосексуалците: Општат со дрвја за да ја спасат планетата

Од сите грди последици на карантините од пандемијата, можеби најбизарните се тоа што некои очајни луѓе ги искористија како згодна прилика за да имаат секс со дрвја. Денешните зелени екосексуалци организираат глобални конференции и водат сериозни етички дебати за тоа дали е неопходно да се добие согласност од дрвото пред да се прегрне. И сето тоа некој го поддржува и го финансира.

Американските деца нема да мора да се вакцинираат за ковид

Министерот за здравство Роберт Кенеди Јуниор ја разгледува можноста за отстранување на вакцината за ковид-19 од задолжителната листа за препорачана имунизација на деца. Кенеди вели дека нема потреба деца да примаат вакцина чија безбедност е оспорена и цитира студии што покажуваат дека здравите деца се соочуваат со исклучително низок ризик од смрт од ковид.