Живот и забава

Не, морињата не растат

Уште една најавена катастрофа од климатските промени се покажува како неоснована: нивото на морето во светот не расте побрзо отколку пред еден век. Ова не значи дека климатските промени не се случуваат, ниту дека одредени локации не се соочуваат со зголемување на нивото на морето - но значи дека не доаѓа никаква апокалипса по овој основ.

Психолози фатени како користат ЧетГПТ

Веќе имаме пишувано дека различни генерации на различен начин користат ЧетГПТ. Повозрасните го користат отприлика како Гугл додека помлади генерации сè почесто го користат како советник, лајфкоуч, психотерапевт, поп, некој на кој му се исповедаат проблемите. И терапевтите имаат откриено дека е тоа корисна алатка, додека не бидат фатени.

Масовен отповик на вештачки колкови

2.000 луѓе во Велика Британија се повикани на итна проверка откако се откри дека некои метални импланти за колкови, направени од кобалт-хром, може да испуштаат отрови во телото.  Симптомите се од болки и оток до проблеми со срцето и нервите. Како да си „Терминатор“ од Тему. 

Кој те гледа додека гледаш?

Хакирањето заради уценување со голи фотографии е една од највознемирувачките форми на сајбер криминал. Нови алатки сега го претвораат тој релативно рачен криминал во автоматизирана функција, откривајќи кога корисникот пребарува порнографија на својот компјутер, снима што тој гледа и попат го снима и него преку неговата веб-камерата.

Од скролање на шоља се добиваат хемороиди

Иако не се посебно опасни, страдалниците знаат дека хемороидите знаат да бидат “pain in the ass“. Возраст, бременост, дебелина, исхрана сиромашна со диетални влакна... се ризични фактори за потечени хемороиди на кои сега им се придружува уште еден позадински непријател. Ако сте од оние кои ни на керамичкиот трон не можат да седат сами, да знаете дека цехот го плаќа вашиот задник. 

Лаже ли вештачката интелигенција и зошто?

Додека дел од луѓето се загрижени дека работните места ќе бидат заменети со вештачка интелигенција или роботи управувани од вештачка интелигенција, постои уште еден поопасен аспект: способноста на вештачката интелигенција да нè лаже. Додека го прави тоа за да ни го тинтра егото, ај и некако, ама кога ќе почне сериозно да нè мафта за свој грош, нема да можеме ни да ја исклучиме. 

Укинување на неработните празници е во мода

Влади на повеќе земји предлагаат укинување на некои државни празници, убедувајќи го народот дека тоа ќе помогне во државниот буџет и ќе гио поттикне економскиот раст. Тие самите да станат поевтини и да не бидат толкав товар на буџетите, тоа не им текнува. 

Тужби на вакциналните заморчиња

„Ние бевме американските заморчиња за вакцинација и помогнавме човештвото да се спаси од ковид. Сега останавме сами со нашите инвалидитети“, велат некои од лицата кои волонтирале во клиничките испитувања на безбедноста и ефикасноста на ковид вакцината. Денес имаат и по 20 симптоми од експериментите па некои од нив го тужат производителот.

Ете ги и нив: Сомелиери за вода

По примерот на американски фенси ресторани, во округот Чешир во Англија е отворен првиот ресторан во кој покрај мени и винска листа, имаат и одбрана водна листа. При рака е и посебен сомелиер кој врши брзинска обука за гостите и ги убедува дека ќе бидат задоволни ако дадат 22 евра за шише вода. Хидроевангелистите веруваат дека водата долго била потценета па време е таа да се прецени.  

50 посто калории не стигаат до трпеза

Во 2020 година светот произвел доволно калории за да се нахранат 15 милијарди луѓе - но само половина од тие калории завршиле во чиниите на луѓето. Овој процент сега многу веројатно е уште понизок поради намалената ефикасност на глобалниот прехранбен систем. Уште една студија во која таргет е месото и препорака да се храниме како гулаби. 

Американците престануваат да пијат

Само 54% ​​од Американците на возраст легална за пиење алкохол денес консумираат алкохол, покажува скорешна анкета на Галуп, што е најнизок процент откако ваква анкета почна да се прави во 1939 година. Дури и оние кои пијат, пијат помалку, за речиси половина. Решение за паднатите приходи производителите гледаат во безалкохолните пива. 

Лесно е да се убие рак во лабораторија

 Нема па нема па по интернет ќе се појави некој бомбастичен наслов за чудесно откритие поврзано со лечење рак. Те нешто во јогуртот ги убива канцерогените клетки, те истото го прави супстанца од магарешки трн. Таквата вест разбирливо ќе предизвика огромна надеж но години ќе поминат и нема ништо да излезе од тоа. На дифолтно сомничавите им е најлесно тоа да го објаснат: фарма- мафијата не дозволува лекот да види бела виделина. А не (секогаш) е така. 

Радосно грмење на заборавените луѓе

30 години од нивните први два албума и после 16 години во кои браќата Лијам и Ноел не само што не сакаа да се видат туку и си порачуваа дека ќе си ги ископаат очите ако се сретнат, Оезис се повторно на - спектакуларна - турнеја.  Од Сао Паоло до Сиднеј. Најјако секогаш е на домашен терен. Ако Клеш требаше да се гледаат во некој андеграунд клуб а Том Веитс на шанк во некој ноќен клуб, Оезис се баш за на стадион. Таа енергија и дрскост не ја собира на помало место. 

Јапонци на строг пост за смартфони

Властите на јапонскиот град Тојоаке ги повикаа сите корисници на смартфони да го ограничат на два часа времето што го поминуваат пред ептен малите екрани, откако ќе им завршат секојдневните работни обврски или наставата за учениците. Мерката не е обврзувачка и не се предвидени казни за прекршителите. Младите Јапонци реагираат дека денес тоа е невозможно да се спроведе.

Топењето на глечерите дава живот

Со години слушаме дека топењето на глечерите на Гренлад води кон апокалиптично сценарио – кревање на нивото на морето и катастрофални поплави. Ново истражување поддржано од НАСА и МИТ укажува дека топењето всушност е благослов за морскиот живот и за планетата воопшто. Мешањето на водите природно ги ѓубри океаните, ослободува повеќе кислород и цица ЦО2.

Ќе бидат ли некогаш самостојните зумерите?

Свежите работни сили на САД, млади а возрасни лица, со бебешки чекори влегуваат во корпоративниот свет на Америка. А штом чекорите се бебешки, тука се мама и тато да ги фатат ако паднат. Неверојатни 77 проценти од Генерацијата З признале дека, за да им го држат стравот, носеле родител на интервју за работа. А тоа не е сè што прават хеликоптер родителите.

Нова машина чита мисли и ги претвора во зборови

Уред поврзан со кортексот во мозокот овозможил читање на мисли во реално време со неверојатно висока прецизност од над 70%. Вграден кај парализирани лица, со тек на време учи да ги препознава сигналите испратени до мускулите од говорниот апарат и да ги преведува во зборови. Овозможил комуникација со 120 зборови во минута и го проширил речникот на 125.000.

Големата шведска црква лази кон новата локација

Бавно и внимателно, големата градска црква во Кируна сосе камбанаријата го почна својот историски пат до нова локација некои 5 километри на исток, за да не биде проголтана од рудникот ископан под неа. Транспортот на објектот тежок стотици тони е круна на преселбата на целиот град со 23.000 жители – куќа по куќа. Швеѓаните не брзаат. Преселбата почна во 2017 година и ќе трае уште со години.

Роботи ќе ни раѓаат бебиња

Во какво лудо време живееме... Луѓе запросуваат ботови, а роботи наскоро ќе раѓаат бебиња. Во „зрела“ фаза е развојот на хуманоиден робот во чија механичка утроба, во средина слична на онаа во матката, ќе се развива човечки плод, од оплодена клетка до раѓањето, тврди кинеска компанија. Планирано е прототип да се појави на пазарот веќе идната година за цена од околу 12.000 евра.

Ни Кенеди не им може ништо на пестицидите и нездравата храна

Моќното лоби на земјоделците и на индустријата за пестициди и за ултрапреработена храна се покажа како повлијателно од министерот за здравство Роберт Кенеди, кој тргна во војна против овие отрови со цел да ја направи Америка повторно здрава. Наместо забрана, владиниот извештај содржи само препорака за внимателно користење на пестициди, а ултрапреработената храна не е ни дефинирана.

Молњите како злосторничко здружување

Во прва студија од таков вид, се проценува дека ударите од гром убиваат 320 милиони дрвја секоја година. За контекст, овие мртви дрвја сочинуваат до 2,9 проценти од годишната загуба на растителна биомаса поради што остануваме со 1,09 милијарди тони јаглерод диоксид. Во проценката се влезени само оние кои се уништени со директен удар а не и оние кои страдаат од предизвиканиот пожар.

ВИ смислува револуционерни антибиотици

Алгоритми со вештачка интелигенција помогнале да бидат дизајнирани антибиотици од сосема нова класа, различни од сите досегашни, за борба против супербактерии отпорни на лекови. Нов антибиотик не е откриен половина век. Им дале слобода на машините самите да креираат милиони разни молекули, а потоа им го проверувале дејството против инфекции на отпорните гонореја и MRSA. 

Ветувачка вакцина против најподмолните типови рак

Клинички испитувања потврдиле ефикасност на нова вакцина кај луѓе што страдаат од рак на панкреас и колоректален карцином, кои исклучително тешко се лекуваат поради високи стапки на враќање дури и со години по третманот. Кај 84% од пациентите развила имунитет, а на секој четврти целосно му ги исчистила туморите. Згодно е и тоа што вакцината не мора да се персонализира.

Дојде распуст, ЧетГПТ може да олабави

Интеракциите на корисниците со ЧетГПТ и другите јазични модели со вештачка интелигенција го достигнало максимумот при крајот на мај, а потоа во јуни нагло се намалиле. Трендот е јасен и се поклопува со завршните испити и крајот на школската година. Ботовите ќе можат да одморат од решавање задачи и пишување есеи додека децата и студентите одмараат од препишување домашни.