Живот и забава

Почнаа карантините за мајмунски сипаници

Откако во земјата е потврден четврти случај на мајмунски сипаници Белгија воведе задолжителен 21-дневен карантин за сите пациенти позитивни на болеста.

Американски авиокомпании спуштаат критериуми за пилоти

Соочени со недостаток на пилоти заради што почнаа сериозно да откажуваат летови, авиокомпании од САД планираат мерки за полесен и побрз тренинг за пилоти. Меѓу другото, веќе се бараат дозволи за двојно кратење на потребните часови летање од оние што се бараат сега.

Песната на Битлси на која свири Брајан Џонс

Не сме сигурни дали ја имаме слушнато оваа песна од Битсли (може да, може не) ама сме сигурни дека досега немавме појма дека на неа свири и Брајан Џонс, прерано починатиот гитарист на Ролинг Стонс. И тоа свири - саксофон.

715 бустери на расположението

Научна студија на двајца истражувачи од лондонскиот Квин Мери Универзитет резултирала со  импозантна плејлиста од 715 песни за кои се тврди дека го подобруваат расположението и го имаат  оној ефект кога песната „те дига“. Шеренолика е тоа листа пошто кога си сјебан, бадијала е да слушаш „раке пуке, раке шлаке“ па има и такви како Алелеуја на Коен или „Tears in Heaven“ на Клептон.

Њујорчани ги враќааат маските заради мајмунските сипаници

Само што помислија дека се враќаат во нормала и живот без маски по стивнувањето на короната, пациент во Њујорк се покажал позитивен на тестирање за вирус од истиот род како мајмунските сипаници. Сосема доволно здравствените власти да ги повикаат жителите повторно да стават маски во затворени простории.

Затвори американското „Министерство за вистина“

Администрацијата на Бајден реши да ја помогне борбата за вистината на начин на кој бирократите тоа најдобро знаат да го прават, со воведување на државен контролор на вистина. Министерството за вистина не додржа ни еден месец.

Португалија вели добредојде, освен за оние од Калифорнија

На Калифорнија последниве години ѝ се случува интересен егзодус бидејќи таму сè потешко се живее, што поради трошоците, што поради разбудените малоумности кои и Л.А. прават да заличи на Грчец. Луѓе бегаат, што во Тексас и други американски држави, што фаќаат џенем преку океаните. Не се нешто омилени.

Фајзер речиси немоќен против омикрон

Имунитетот против омикрон варијантата  бледее само неколку седмици по давањето на втората и третата доза од вакцината на Фајзер, открива нова студија објавена во журналот на Американската медицинска асоцијација.

Јас сум го раѓал, јас ќе го тужам

Индиски родители бараат отштета од над половина милион евра од својот 35 годишен син и неговата сопруга, доколку во рок од една година не им испорачаат внук / внука.

Нетфликс, кочи Мишко!

Откако почна повеќе да води сметка да не ги навреди разбудените и да ги задоволи коректните а тоа се одрази и на квалитетот на содржините и во бројот на претплатници, Нетфликс се чини менува политика. Особено кон оние вработени кои помислија дека ќе можат да цензурираат некого затоа што биле навредени.

САД: Итно ни требаат нови вакцини

Координаторот на ковид активностите на Белата куќа предупреди дека Американците ќе бидат многу ранливи на коронавирус оваа есен и зима бидејќи имунитетот им слабее а вирусот си брка работа. Чаре? Пари.

Тајланд ќе олабави малку

Тајландската влада ќе испорача еден милион стебла канабис на домаќинствата низ земјата во чест на новиот закон што ќе им дозволи на луѓето да одгледуваат канабис по дома.

Три дена гарантирано менструално отсуство

Шпанија е на пат да биде прва држава во Европа која ќе воведе гарантирани слободни денови за жените секој месец за време на првите три дена од месечниот циклус.

Кансел култура, пипка- трепка

Најновата жртва на кансел културата е актерскиот ветеран Френк Ланџела. Добил отказ од Нефликс среде снимање на една мини серија, заради погрешен потег на раката во една љубовна сцена. „Гадот“ знаел да вика и „бејби“ а и вицовите му биле некако „неумесни“.

Од ковид се умрени 15 а не 6 милиони луѓе

Еден на 500 луѓе починале од ковид во првите две години од пандемијата покажуваат новите бројки на СЗО.

Италија воведува две презимиња

Децата треба да ги носат презимињата на двајцата родители а не само на таткото, е одлуката на италијанскиот Уставен суд.

Правото на абортус падна пред Врховниот суд на САД?

Судската одлуката во спорот Роу против Вејд беше основата врз која повеќе од 50 години САД го гарантираа правото на абортус до 6-ти месец. Во јуни одлуката престанува да важи.

Бил Гејтс: Уште го немаме видено најлошото од ковид

Иако тврдеше дека најлошото ќе биде во декември 2021 година, милијардерот од Микрософт има нова проценка: дека можеби ништо не е готово и дека тековната пандемија може да изнедри уште позаразна и посмртоносна варијанта на коронавирус.

Самотните пчели кои не работат за луѓето туку за природата

Ќе прозујат покрај вас на ливада или можеби ќе ви влезат преку прозорец. Не живеат во кошници, не произведуваат мед и мораат сè сами. А за природата се непроценливи. Една таква вреди колку 120 од оние што носат мед.

Кога „госпожа“ ќе го вади пред деца

Судот во Мидлсбороу деновиве треба да реши што да се прави со Кло Томсон, 42 години, суштество кое сака да личи на жена но опремата му е машка а пустото сака да дига фустан и да го покажува тоа на јавни места. Кло до неодамна беше Ендрју и има двоцифрен број злодела, вклучително сексуален напад на малолетно лице.

Победа за професорот кој одбивал студент да нарекува студентка

Американски универзитет ќе му плати добра цифра на свој професор кого го има казнето затоа што на машки студент му се обраќал како на машко а овој сакал да му се обраќаат како на женско.  Професорот случајот го добил откако се повикал на своите верски права и убедувања по кои се знае што е машко а што женско.

За вакцината и миокардитисот, кај 23 милиони Скандинавци

Ковид вакцините сериозно го зголемуваат ризикот од воспаление на срцето, обелоденува една нова скандинавска студија. Во некои комбинации, ризикот од добивање миокардитис после вакцинација знае да биде поголем во илјадници проценти а најризична група се младите мажи.

Дизни за проблематични ги оцени Ѕвончица и Капетан Кука

Разбуденоста на Дизни се чини дека нема крај. Во најновото листање на нивната видеотека со отворени и прогресивни очи, настрадаа  Ѕвончица и Капетан Кука за кои моралниот генералштаб на Дизни оцени дека се проблематични па во иднина ќе бидат придружени со предупредување за нивниот карактер.

Интернет место за цензурирани Руси

Мат Таиби и сродни луѓе помогнале да се отвори канал на кој ќе можат да пишуваат руски автори и новинари кои останале без работа или биле цензурирани од руските власти. Каналот е поставен на платформата Сабстак, онаму каде што веќе се наоѓаат цензурираните од Запад, како Таиби и сродни луѓе.