Ако не можеш да веруваш на комора за самоубиство, на кого можеш?

Жена која решава легално да си го одземе животот во Швајцарија со помош на Сарко комората за самоубиство, по успешната процедура е најдена со белези на давење на нејзиниот врат.

Жената е првиот корисник на комората, а самоубиството го извршува на 23 септември во планинска куќарка во близина на швајцарската граница со Германија.

Проблемот со трагите од давење, кои се уште не се официјално потврдени, е што Сарко тврди дека нивната комора ги убива луѓето преку рапидно намалување на нивоата на кислород, додека се одржува исто ниво на ЦО2 „што создава услови за мирна, па дури и еуфорична смрт“.

По ова првиот човек на организацијата за помогнати самоубиства Последна мерка, доктор Флориан Вилет, е уапсен заедно со уште неколкумина други, а полицијата врши истрага што точно се случило.

Официјалната верзија е дека жената во 15:54 го притиснала копчето за исполнување на кабината со азот. Наводно луѓето кои ја следеле процедурата преку видео пренос, не успеале да ја изгледаат целата заради технички проблеми.

Германски и швајцарски медиуми објавуваат дека аутопсијата на телото открива „траги на 'давење' на вратот на жената“ заради што истрагата сега опфаќа и можно убиство.

Комората произведена од група за право на помогнато самоубиство е создадена за терминално болни лица да можат мирно да го завршат својот живот.

Швајцарија од 1942 дозволува помогнато самоубиство, се додека мотивите за истото не се „себични“. Во 2023 бројот на помогнати самоубиства во Швајцарија расте за 11%, а британска добротворна организација тврди дека на секои 8 дена по еден човек патува од Британија до Швајцарија за да ја искористи оваа можност.

12 ноември 2024 - 14:46