Извесен Тони Флин го обвинува својот поранешен шеф за сексуално малтретирање затоа што во една прилика му го нарекол „глупа пиздо ќелава“.
Прескокнувајќи го делот со „пиздо“, панелот судии заклучува дека терминот „ќелав“ е „сам по себе поврзан со пол“, па неговото користење против маж може да биде прекршување на законите за рамноправност, „или со други зборови 'ќелав' е сексуална навреда.“
Според британски Телеграф, панелот од тројцата судии на Високиот суд кои одлучувале по тужбата бил составен од три ќелави мажи.
Наспроти исмејувањето на ваквата одлука, еден од аргументите во нејзина одбрана гласи „може е малку екстремно, но јасен ми е преседанот. Ако луѓето не можат да се шегуваат за нешто кое жена не може да го контролира, тогаш зошто би можеле да се шегуваат за нешто што маж не може да го контролира.“