Студија на луѓе од Кралската женска болница во Мелбурн, ги анализирала сите модели на кукли на глобалниот пазар наменети за за обука за кардиопулмонална реанимација на возрасни. Од 20 различни кукли, сите имале рамно торзо, а само еден модел бил со прекривка на градите.
Австралиското истражување покажа дека жените имаат помала веројатност да добијат CPR што спасува животи после срцев удар и оттука имаат помалку шанси да преживеат инфаркт.
Постои и друга, британска студија која го заклучува истото, дека жените кои доживуваат срцев удар на јавно место имаат помала веројатност од мажите да добијат компресија на градите од случајни минувачи бидејќи луѓето „ги одбива помислата дека ќе треба да ги допрат нивните гради“.
Студијата сугерираше дека надминување на неповолните исходи кај жените жените после срцев удар може да започне во обуката за CPR и дизајнот на куклата.
Во Австралија почнале преку интернет да нарачуваат имитации на гради (онакви какви што ставаат травестити) кои им ги монтираат на куклите, за курсистите да ја надминат нелагодноста од допирање женски гради при давање прва помош.