Живот и забава

Половина век Ролинг Стоун

На само 21 годишна возраст, Џен Венер го ко-основа Ролинг Стоун. Магазинот за кој работеа ликови како Хантер С Томсон, Том Волф и Ени Лебовиц, деновиве полни 50 години од постоењето а Венер сè уште е издавач.  

Како беше упропастен Пиксар

15 години Пиксар беше најдоброто студио за анимација на планетата. И после, Дизни го купи.

Кога физичари ќе се запукаат

Два кампа теоретичари кои се занимаваат со најзаплетканите аспекти на постанокот на космосот, деновиве се караат како стрини. Господ мава лајкови. 

Џони Деп и живот со 2 милиона долари месечно

Некаде во декември 2016 Џони Деп поднесе тужба од 25 милиони долари против компанијата што му ги менаџираше средствата со тврдење дека му ги спискале парите. Од компанијата вратија во стил "од тебе не можевме да дојдеме на ред".

Комплетно уживање е кога ги гледаш другите како се мачат

На меѓународниот аеродром во Лос Анѓелес отворен е приватен терминал за ултра богати патници кои ќе можат не само да уживаат во луксузот кој им се нуди туку и да гледаат како во меѓувреме рајата се малтретира и злопати на стандардните терминали. 

Во јужна утеха виски ќе има

Омилената пијачка на Џенис Џоплин многумина и онака дифолтно ја сметаат за виски. А не е виски. Ама наскоро тие многумина ќе бидат во право.

Канабисот го подмладува мозокот

На стар глушец, за неколку недели третман со ТХЦ, му го направиле мозочето како на Џери од најдобрите времиња. И уште да им викал на другиве: Шта је, мишеви!

Теоријата на долги светла

Кенија има огромна стапка на автомобилски несреќи, меѓу другото и затоа што сите - заради курчење - возат со долги светла. Ако соборат светла, испаѓаат глупи и слаби. Значи Кенијците ризикуваат да загинат, само да не испаднат глупи во друштво. И така се доаѓа до она што во теоријата на игрите се нарекува „неефикасна Неш равнотежа“. Од страв на поединците да не изгубат, губат сите заедно. И треба, кога с(м)е колективно глупи.

Никого не го интересира што си сонувал/а

Логиката зад раскажувањето на соновите е дека што и да се случувало во нив, ќе биде многу подобро дешифрирано од двајца (или повеќе) отколку од еден (кој згора на тоа е и крајно субјективен), и дека разговорот ќе помогне подобро да се справиш доколку некогаш во иднина се најдеме во хипотетичката ситуација што ни дошла на сон.

Беше потребен век да се создаде викендот, а деценија за да се уништи

Правото на гарантирани два слободни дена во текот на неделата кое пред околу стотина години беше изборено преку крвави штрајкови и судири со власта, во немерлив наплив на космичка иронија за само десетина години речиси доброволно беше предадено токму од генерацијата што ја има најсовршената технологија за заштеда на време.

Вегетаријанците и веганите мислат дека не убиваат животни. Ама, убиваат.

Клучниот аргумент на веганите и вегетаријанците со кои ја докажуваат етичката супериорност на нивниот начин на исхрана во однос на месојадците е дека животни не страдаат од тоа што тие го јадат. Како да кажеме а тоа да биде вегански просто к'о грав: неточно.

Ананас, анавас, сè е тоа уметност

Во име на добрата заебанција студенти прошверцувале ананас и го оставиле среде една уметничка изложба. Аха, луѓето најнормално поверувале дека се работи за еден од експонатите.

Франција почна да им мери БМИ на манекенките

За на жените да не им се наметнуваат погрешни идеали кои патем се и штетни за здравјето, во Франција стапи на сила закон со кој се забранува ангажирање претерано слаби и анорексични манекенки.

Би платиле ли некому да раскине наместо вас?

Раскинувањето знае да биде мачно и непријатно и генерално бара извесен напор за на човекот со кој до вчера си бил заедно да му се објасни зошто веќе не оди така и зошто е подобро секој да си фати свој пат. За среќа на оние кои немаат муда да минат низ тоа, живееме во свет во кој и тоа може да се плати. 

Нема потреба Џорџ Р. Р. Мартин да ги заврши книгите од Игра на тронови

1996 Џорџ Р. Р. Мартин ја објавува Игра на тронови, првата книга од серијалот Песна за ледот и огнот. 14 години подоцна ХБО вика "нека биде серија," и работите почнуваат да се менуваат, вклучително и притисокот врз Џорџ Р. Р. Мартин да заврши тоа што почнал.

Како се лажеш околу самиот себе

Како дел од експеримент студенти минуваат цел час на повторувачки и монотони задачи, како вртење дрвен клин. По еден час вртење, на една група и се дадени околу 10 долари, а на друга околу 170 долари, за да го претстават затупувачкото искуство како интересно. На крај, оние што биле платени по 10 долари било далеку поверојатно да ја опишат досадната активност како возбудлива. "Изгледа тие се убедија себе си во сопствената лага".

Скапо платена „ексклузивност“

Оние кои има поверуваа на „инфлуенсери“ како Емили Ратајковски и Кендал Џенер дека на Бахамите ги чека незаборавен фестивал и екстравагантна забава, завршиле како преживувачи во реално шоу, без вода и струја, во нешто што личи на камп за бегалци. Единствена утеха може да им биде дека организаторите ќе завршат уште полошо.

Презирот од Трамп само ги помага "лажните вести"

Ако нешто до сега му успеа на Трамп, наспроти неговата желба, тоа е да ги спаси и да ги извади од проблеми своите најголемите душмани во САД - големите медиумски куќи.

Како Нирвана смени еден живот

Иако неволно, дечково учествувал во немирите во ЛА пред 25 години. Крадејќи во продавница, ненамерно џапнал и ЦД од Нирвана, за кои немал појма ни кои се. Мирисот на тинејџерскиот дух му го променил животот. 

Запотени и среќни

Настинката е единствено нешто што луѓето го мразат повеќе од својата работа, а и покрај сè што е изменето и подобрено во работните услови во последните 150 години луѓето остануваат несреќни на работа.

Твоето органско млеко може и да не е органско

Еден од условите за американските органски млекари е на кравите да им биде дозволено секојдневно да пасат (во сезона на растење) - односно да бидат хранети со трева и да не бидат затворени во штали. Во земја во која органскиот пазар годишно вреди 40 милијарди долари излезе дека ова е речиси неизводливо.

„Сереш ко фока“ е математички погрешнo

Погрешнo е затоа што без разлика на големината, животните се празнат за отприлика исто време. Дали е човек, куче, фока или слон - 12 секунди (горе-долу). Спремни да се задлабочиме во оваа физика на изметот?

Губењето време е добро за вас

Во многу наврати сме ја поттикнувале мрзата и денгубењето како животен стил кој забрзаниот апетит на капитализмот и глобализацијата го смета за природен непријател. За среќа, и на капитализмот му станува јасно дека магарето некогаш треба и да одмори, бидејќи и утре треба да биде товарено.  

Колку е добро да си стажант (во овие 25 компании)

Од овој текст ќе научиме две работи: што е медијана, и дека стажантите (најдолниот вид работници во кој било корпорациски ланец на исхрана) во Фејсбук се платени 8.000 долари месечно.