Првиот човек на Нетфликс за содржини освен што објави дека ќе се продолжи со снимањето на серијата, порача и дека речиси 2400 луѓе кои директно или индиректно работат на шоуто ќе бидат ангажирани кога ќе почне снимањето.
„Возбудени сме што ќе можеме на фановите да им го дадеме крајот на шоуто. Исто така сме возбудени и за 370-те луѓе што ја создаваат ’Куќа од карти’ и ја покажаа својата најдобра работа на ова шоу; како и за 2.000 луѓе од Балтимор чија работа зависи од шоуто. Навистина сме возбудени што можеме да понудиме добро креативно затворање на шоуто,“ изјавил Тед Сарандос.
Целата работа на последната сезона од најуспешната серија на Нетфликс беше прекината откако повеќе мажи го обвинија Кевин Спејси за сексуално малтретирање. И не само што беше прекината, туку не се знаеше ни кога ќе продолжи снимањето и дали воопшто серијата ќе доживее крај.
Од Нетфликс не откриваат ништо повеќе освен тоа дека приказната ќе се фокусира на ликот на Клер Андервуд.
(СПОЈЛЕР ОД 5-та СЕЗОНА)
На крајот од сезоната Клер Андервуд станува претседател на САД откако Френк поднесе оставка.