Таг: Кевин Спејси

Обвинителите се откажаа од обвинението против Кевин Спејси

Единствениот случај кој заврши со официјално обвинение и кривичен прогон на Кевин Спејси за сексуално малтретирање, вчера беше прекинат и повлечен на барање на јавните обвинителите на Масачусетс кои требаа да го тераат случајот.

Кевин Спејси само што објави видео и на никого не му е јасно зошто

Видеото е објавено на официјалниот профил на Спејси на Инстаграм, на неговиот официјален канал на Јутјуб, и е линкано на неговата Твитер сметка.

Нетфликс најде како да ја сними последната сезона на Куќа од карти без Кевин Спејси

Снимањето на шестата и последна сезона продолжува во 2018, ќе има само осум епизоди, наместо стандардните 13, и ќе биде фокусирана на ликот на Робин Рајт, г-ѓа Андервуд.

Падна и Луи СиКеј

Во поранешна Југославија, дури и децении после војната, беа доволни двајца сведоци дека некој се борел против окупаторот за тој да ги добие бенефициите што му следуваат од статусот борец. Исто, ама обратно, е денес во Холивуд. Со сведоци се губат сите бенефиции и статуси што човек ги има изработено. Њујорк тајмс за СиКеј нашол пет. Една од нив: разговарале по телефон и таа слушнала (?!) како тој, на другата страна на муабетот - мастурбира. Амејзинг.

Почна сезоната на лов на Кевин Спејси

Ужасно мешање на педофилија и хомосексуалност; кукавичлук; Кевин Спејси успеа во невозможното, да најде погрешно време за објавување дека е геј; се реакциите на тие што до сега стигнаа да го коментираат извинувањето на Кевин Спејси за обидот за сексуално заведување на 14-годишник, испреплетено со обзнанувањето дека е геј.

Изгледа толку беше и од кариерата на Кевин Спејси

Ако одиме по до сега востановеното сценарио претстојниов период најверојатно ќе се случи погребот на кариерата на Кевин Спејси, откако тој беше обвинет дека се обидувал сексуално да заведе малолетен глумец. Кевин Спејси речиси и да не негираше ништо од ова (не се сеќава, одамна било) и по пат ги потврди долгогодишните гласини дека е геј.

Спејси вс. Фалон

Задачата им е да одглумат парчиња на тема Куќа од карти, проблемот им е што сценариото за тоа што треба да го глумат го пишуваат 5 - 6 годишни деца.

Како го снимивме The Usual Suspects

Режисерот на култниот трилер се сеќава како 50-тина студија го одбиле сценариото на филмот и како му дошла спасоносна идеја додека спиел во вреќа во монтажната соба. .

Славни актери зборуваат во име на природата

Организацијата Conservation International како дел од својата нова кампања „Природата зборува" издаде шест двеминутни филмчиња, чија цел е да им се даде глас на дождовната шума, почвата, водата. Ама буквално.

Како група студенти ги победија казината

Секое правило има исклучок. Вклучително и она дека "во коцкање секогаш победуваат казината." Ова е приказна за Блек Џек екипата од угледниот универзитет МИТ.

Не го прашуваш Кевин Спејси за приватни работи

Кога ќе дојде до откривање детали од неговиот живот, Кевин Спејси го решава проблемот онака како што тоа би го решил Френк Андервуд, неговиот карактер оd House of Cards: Нема што муабет да се прави за тоа.

Кога Кевин Спејси имитира

Клипче од 2000. во кое двојниот оскаровец, нам драгиот Вербал Кинт, во шест минути имитира дури девет од неговите колеги - Џејмс Стујард, Марлон Брандо, Кетрин Хепбрн, Ал Пачино.