Роберт Редфорд, Џулија Робертс, Кевин Спејси, Пенелоп Круз, Харисон Форд и Едвард Нортон ги „позајмија гласовите" на она со што човекот често се однесува нечовечки, животната средина, која има нешто да ни каже. Понекогаш со смирен тон, како оној на Редфорд, или циничен на Кевин Спејси, таа сепак потсетува на нејзината моќ, да дава, но и да зема од човекот.
„Сум уништила и поголеми видови животни од тебе. Моите океани, мојата почва, моите извори, моите шуми - сите тие можат да те оживеат или да те напуштат. Како ќе одбереш да го живееш секој ден, дали ќе ме почитуваш или не, тоа навистина не ми е гајле. Твоите дејства ти ја одредуваат твојата судбина. Не мојата.", нè потсетува со нежен глас Џулија Робертс, односно мајката природа.
А една од најдобрите реплики е онаа на Харисон Форд, кој зборува во име на океанот: „Некогаш сум ја покривал целата планета, и пак можам да го сторам тоа. Тоа е сè што имам да кажам".
Кевин Спејси/Дождовната шума:
Џулија Робертс/Мајка природа:
Роберт Редфорд/Црвената шума:
Пенелоп Круз/Вода:
Едвард Нортон/Почва:
Харисон Форд/Океан: