59-годишниот Спејси беше обвинет за допирање на 18-годишно момче во бар во 2016. Целиот случај падна кога момчето одби на сведочењето да одговори за неговиот исчезнат телефон, кој според одбраната е клучен доказ дека актерот е невин.
Спејси беше набеден за неколку случаи на сексуално малтретирање, меѓутоа само конкретниот резултираше со подигнување кривична тужба.
Според приказната на момчето, Спејси во бар му купувал пијачки и почнал да го допира. Според одбраната на телефон на момчето имало пораки кои ќе покажат дека Спејси бил невин.
На крај момчето се повика на 5-от амандман и правото да одбие да сведочи за да не се инкриминира себе си.
Заради ова од обвинителството објавија дека несоработката на сведокот ги навела да се откажат од случајот. Претходно на почетокот од месецов, истото момче објави дека се откажува од граѓанската парница против Спејси.
Ова беше еден од само неколку случаи што произлегоа од #MeToo кои завршија со судска постапка.