Претседателката на ГЛААД (Gay & Lesbian Alliance Against Defamation) во понеделникот порача: „Објавувањето на сопствената хомосексуалност не треба да се искористи за одбивање на обвиненија за сексуален напад. Оваа приказна не е за сексуалноста на Спејси, туку приказна за она што го преживеал на Ентони Рап и оние кои проговориле против непосакувани сексуални заведувања. Медиумите и јавноста не треба површно да минуваат преку тоа.“
Според актерот Закари Квинто одлуката на Спејси вака да „излезе од плакар“ е „длабоко тажна и проблематична. Актерот кој уште во 2011 ја објави својата сексуалност изјави:
„Не како пример за гордост - имајќи ги предвид неговите бројни награди и успеси, и со тоа да инспирира десетици илјади ЛГБТ деца низ целиот свет - туку како пресметана манипулација за одбивање на вниманието од крајно сериозното обвинение дека се обидел сексуално да злоупотреби едно од нив...
... Жал ми е за она што го искусил Ентони Рап и последователното страдање, и жалам што Кевин Спејси сметаше дека е на место да ја признае оваа вистина кога тој мислеше дека таа ќе му послужи, исто како што отфрлањето му служеше сите овие години.“
Филмскиот критичар на Ванити Феир, Ричард Лосон, на Твитер го осуди Спејси бидејќи неговата изјава само го засилува митот дека хомосексуалноста и педофилијата некако се поврзани, порачувајќи му „како се осмелуваш сите нас да нè вмешаш во ова.“
Спејси не мина ништо подобро ни на Твитер:
Денес беше објавено дека Нетфликс ја откажува серијата Куќа од карти по завршувањето на шестата сезона. Во соопштението беше наведено дека тие ова го планирале од пред еден месец.